А што има државата да доделува или одзема лиценци на медиуми? Пуштете ги слободно, па кој колку е успешен. Да се укинат сите законски и подзаконски акти за медиумите, сите институции кои се занимаваат со нивна регулација, како и сите одлуки кои ги имаат донесено таквите институции. Тоа се вика слобода, додека се друго е само различно ниво на тиранија.
Впрочем, еве што вели Првиот Амандман од Американскиот Устав:
„Конгресот не смее да носи НИКАКВИ закони кои ја регулираат слободата на религијата, слободата на изразувањето, слободата на говорот, слободата на печатот, слободата на здружувањето и поднесувањето петиции до Владата.“
Епа ајде Шарени Господа, ако навистина ги почитувате западните вредности, укинете ги сите закони и институции кои се занимаваат со било какви медиуми или религии. Слобода без граници!