Александар Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори во Србија
  Објавено на
share

 

Александар Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори во Србија

 

Српската народна партија (СНС) на Александар Вучиќ, е на добар пат да оствари убедлива победа на денешните парламентарни избори во Србија.
Вучиќ веќе во своето обраќање од партискиот штаб ја прогласи победата.

Според првичните неофицијални резултати, партијата на Вучиќ може да освои дури 180 пратенички места, од вкупните 250

Прелиминарните резултати кажуваат дека СНС освои 63.4% од гласовите. Социјалистичката партија освои 10,3%. Трета е СПАС со 3,9% од гласовите.

Драган Ѓилас, кој го предводеше движењето „Сојуз за Србија“, истакна дека народот денеска му рекол „не“ на режимот на Вучиќ.

Според изборната комисија, излезноста е некаде околу 50%.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани