Дисциплинираното носење маски може целосно да ја запре пандемијата за 10 до 15 дена - Најновата анализа која имала за цел да го квантифицира влијанието на носењето маски врз ширењето на SARS-CoV-2
  Објавено на
share

 Рубрика: Медицина

Дисциплинираното носење маски може целосно да ја запре пандемијата за 10 до 15 дена
Автор: Марјан Божиновски
 
Објавено на 13.06.2020 - 23:15

Најновата анализа која имала за цел да го квантифицира влијанието на носењето маски врз ширењето на SARS-CoV-2 (линк: http://ftp.iza.org/dp13319.pdf) утврдила дневно намалување на бројот на новозаболени за 40% во германскиот град Јена. За 10-тина дена, бројот на новозаразени паднал на нула.

Направив симулации за две сценарија, за дневен пораст на бројот на новозаболени од 10% и 2%.

Други претпоставени параметри:

Почетен кумулативен број на потврдени заразени: 3000

Почетен дневен број на новозаразени: 150

Првите 14 дена нема носење маски.

Маските почнуваат да се носат на 15-от ден и тоа со претпоставена дисциплина како во градот Јена.

Резултат:

За 10-12 дена од почетокот на масовното носење маски, веќе нема новозаразени и кумулативниот број на заразени повеќе не се искачува.

Заклучок: 

Ако во Македонија самодисциплината за носење маски е како таа во германскиот град Јена, логично е да се очекува дека за 10-12 дена бројот на новозаразени ќе падне на нула.

 

П.С. Општ заклучок е дека 40% дневна редукција за 10 дена води до 99.4% намалување на дневниот број на новозаразени во однос на почетниот број.

face masks, COVID-19 face masks, silk face masks, embroidered face masks, face masks, COVID-19 face masks, silk face masks, embroidered face masks

 

Марјан Божиновски е доктор на технички науки. Докторирал во 2004 година на Aalborg Universitet, Данска, во рамките на институтот за електронски системи. Во рамките на своите истражувања применувал различни методи и алатки од статистика и теорија на веројатност. Според Шангајската ранг листа на универзитети од 2018 година, Aalborg Universitet е на 2. место во Европа, а 14. место во светот во областа електрично и електронско инженерство.

Клучни зборови:



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани