Интерактивна мапа за следење на коронавирус во Македонија
  Објавено на
share

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава

Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата

http://gdisk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5,

која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани.
Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носење вистински одлуки.
Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики.


 

-Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза, вели Крстевски.

Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци. ESRI е водечка организација во областа на географијата и давател на ГИС ресурси. 

еве ви ја, по која знае кој пат и светската мапа на Институтот Џон Хоскинс која редовно ви ја прикажувам и тука и на профилите и во емисија, со сите суб-категории за секоја земја вклучувајќи ја и нашата. Но ја разбирам потребата да се изработи и наша=македонска верзија заради ниската култура, образование и познавање на странски јазици.

Затоа секоја чест  на луѓето кои ја изработиле.

https://gisanddata.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/bda7594740fd40299423467b48e9ecf6

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани