Дебар во крантин? Блокади на патиштата, пожар над градот!
  Објавено на
share

Отако Владата во петокот прогласи кризна состојба во регионот на Дебар и Центар Жупа поради епидиемијата од коронавирусот, доцна попладнето во градот може да се видат апокалиптични сцени, за што сведочат фотографиите објавени на локалните медиуми и социјалните мрежи од кои исто така, може да се види дека градот е затворен за сите влегувања и излегувања.

Од Скопје кон Дебар патот е затворен со барикади и полициски пунктови кај Мавровска брана. Другата барикада е поставена на излез према Струга. Во градот може да се влезе само со лекарска документација дека сте сосема здрав, пишива порталот Инфомакс.

Во Дебар, инаку има потврдени девет случаи со коронавирус, додека 31 лице се во домашна изолација.

Од Скопје кон Дебар патот е затворен со барикади и полициски пунктови кај Мавровска брана. Другата барикада е поставена на излез према Струга. Во градот може да се влезе само со лекарска документација дека сте сосема здрав.

За проблемот за дебарчани да биде уште поголем, над градот бесне голем шумскки пожар. Пожарот беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот. Првичните сознанија наведуваат дека прична за избувнувањето на пожарот е човечка негрижа. Во овој дел над градот во овој период од годината, чести се пожарите поради невниманието на оние кои ги чистат земјоделските површини или се оди на излет.

 

Веднаш по дојавата, Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ се на терен во гаснење на пожарот, но поради недостапниот терен тоа оди тешко.

Вчера вечер се започна со дезнифекција на населбите во градот. Дезинфекцијата започна во „Коњаре“ каде е жариштето на вирусот. Во следните денови ќе се продолжи и во другите населби и населени места. Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ веќе неколку дена врши миење на улиците во вечерните часови, а денеска врши дезинфекција на сите јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот, како и спортските игралишта и терени.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани