Протест и блокада пред Цементарница – граѓани o7; доделија пехар на „Усје“ – „Трујач на годината“
  Објавено на
share

Протест и блокада пред Цементарница – граѓани o7; доделија пехар на „Усје“ – „Трујач на годината“

Под паролата „Алтернативно нè убивате“, иницијативата „Движење за чист воздух“ и покрај студот и лошото време, го реализираше протестот пред скопската Цементарница, и го блокираа влезот на компанијата со црвена лента.

Со овој протест и блокадата на Цементарница, активистите велат дека сакаат да покажат отпор кон молкот и бизнисот на штета на здравјето на сите. Во знак на револт, граѓаните и доделија пехар на Цементарница „Усје“ за „Трујач на годината“.

Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изјави дека децата имаат право на чист воздух и дека со аерозагадувањето им е нарушено елементарното право на живот. Тој тоа го поткрепи со фактот дека секое второ дете во земјава се лекува од респираторни заболувања.

– Сакам да ги потсетам политичарите дека децата имаат право на чист воздух и здрава животна средина, а загрозувањето на нивните животи е кривично дело. Загадувањето на воздухот денес е еден од најважните фактори за смртноста на децата, а денес секое второ дете во Македонија се лекува од респираторни проблеми, рече Змијанац.

Активистите бараат целосна забрана за каков било отпад. Револтираните граѓани што дојдоа на протестот пред фабриката прашуваа дали е точно дека тука во ноќните часови се гори сомнителен отпад, се крева црн чад и обвинија дека надлежните не преземаат никакви мерки.

– Бараме регулација индустриите, нивна контрола, нов начин на работа. Начин на работа како што тоа го налагаат европските регулативи за индустриски емисии, меѓу кои спаѓа и цементната индустрија, вели Тони Никушевски од Движењето за чист воздух.

Од Цементарница „Усје“, пак, велат дека „сите мерења на емисиите докажуваат дека „Усје“ не е причинител на зголеменото загадување во Скопје“.

Пред присутните се обрати и генералниот извршен директор на „Усје“,Борис Хрисафов, кој ги повтори познатите ставови на фирмата дека не се загадувачи на воздухот, што наиде на неодобрување од протестирачите.

– Нашата компанија ги почитува сите прописи и стандарди, имаме филтри, а имаме и А интегрирана дозвола, на чиешто добивање потрошивме 70 милиони евра, рече Хрисафов.

Во меѓувреме Иницијативата „О2“ бара итна седница за забрана з аувоз на отпад, предупредува дека има само уште неколку дена до распуштање на парламентот.

– Закажувањето на седницата не е во ексклузивна надлежност на претседателот на Собранието. Да, тој ги свикува седниците согласно деловникот на Собранието, но може да свика седница и по БАРАЊЕ на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници, стои во реакцијата на „О2“ Иницијатива.

Инаку протестот почна со минута молк за сите жртви на загадувањето.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани