Утре судење за импичмент на Трамп
  Објавено на
share

Утре започнуваат првите распити откако Американскиот Сенат во четвртокот го отвори судењето за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Главниот судија на Врховниот суд на САД, Џон Робертс, положи заклетва, а потоа се заколнаа сите сенатори.

Политичката состојба во кој се наоѓаат САД е уникатна, импичмент на претседателот се случува, како што велат многумина, „еднаш во животот“, и во Вашингтон се чувствува одреден негативен набој и нервоза.

Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот, за наводна изнуда од Украина да отвори антикорупциска истрага против политичкиот ривал Џо Бајден, со задршка на 391 милион долари воена помош за таа земја, сојузник на САД, чиј дел од територија е воено окупиран од Русија.

Но Трамп, кој постојано изјавува дека целата ситуација со импичментот е „грешка“ на демократите, смета дека ќе биде ослободен од обвиненијата, а неговите постапки кон Украина, според него, се дел од борбата со корупцијата во таа земја.

Сепак демократоте се неумоливи, откако изгласаа отповикување на Трамп во Претставничкиот дом во декември, сега тие бараат распит на останати сведоци кои би можеле да откријат нови детали од притисокот врз Киев.

Освен дискусиите утре и в среда, малку се знае каков ќе биде распоредот на судењето за импичмент потоа. Извесно е само дека гласањето за импичментот ќе се случи некаде во втората половина на февруари. Републиканскиот сенатор Џон Корни проценува дека судењето може да трае околу три недели, но зависно од тоа колкумина сведоци ќе бидат повикани, доколку се случи тоа, овој рок може да се развлече.

Related image

Првата сесија започува утре во 13 часот по локално време, со приложување вербални аргументи на седумте менаџери на судењето (обвинители) на демократите во Конгресот, в среда во истотото време почнува сесија со настап на бранителите на Трамп.

Правилата за судење за импичмент се јасни. Утрешната сесија ќе започне со повикот „Хир ју, хир ју (Послушајте, послушајте)! Сите присутни се повикуваат да молчат, за непослушност се оди в затвор, додека Сенатот на Соединитите Држави заседава на суд за предмитите на импичментот“. Или кажано поедноставно, додека во салата настапуваат обвинителите и бранителите сите останати треба да молчат фокусирани на процесот.

Неизвесно е што ќе се случува во Сенатот в четврток и петок. Демократите бараат Горниот дом на Конгресот да повика најмалку тројца сведоци – а оние кои засега потврдија дека ќе одговорат ако бидат повикани со судска покана се Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа и Лев Парнас, асистент на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, кој минатата недела во Конгресот предаде куп документи што ги инкриминараат и Џулијани и Трамп.

Претседателот за Парнас изјави дека „не го познава овој човек“.

Републиканците сметат дека нема потреба од нови сведочоња поради тоа што недостатоците во доказниот материјал укажуваат дека била спроведена лоша истрага.

Државната ревизија на САД, независно тело, пак, во петокот во свој извештај оцени дека со задржаната воена помош за Украина, Белата куќа прекршила федерален закон.

По се изгледа, повикувањето на побараните сведоците треба да биде изгласано од сенаторите, и таа одлука ќе биде донесен откако седумте обвинители од демократите и бранителите на Трамп не ги претстават своите аргументи „за“ и „против“ отповикување на 45-от американски претседател.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани