Патеки за корисници на мобилни телефони во Кина
  Објавено на
share

Мобилните телефони станаа спектакуларно недделиви од нашиот живот. Постојано зјапаме, ѕиркаме во нив и просто не можеме да се одлепиме. Дали оваа заслепеност и зависност брзo да се види секоја нова вест, порака или лајк на статус, објава фотографија на било која платформа е само прв бран од новата технолoгија, не знам и никој не знае. Времето ќе покаже дали нормално ќе се однесуваме и ќе најдеме реален баланс.

Image result for many people reading newspapers on street

Ако се обидувате да осудите или морализирате, сетете се на сцените кога на почеток на векот или десетици години подоцна и на балканите, како се тепавме за првите изданија на весници, па втори изданија во ист ден, а стотици луѓе потпрани на ѕидовите, застанати на тротоарите читаат и од раце не испуштаат. Сличност нема, бидеејќи е потполно исто.  Денес весници изумреа, но ќе се сетам дека каков таков баланс направи пак телевизијата за добивање најнови информации газејќи преку радиото и печатените гутенбергови писанија.

Related image

Денес луѓето одат во сиви средини, со премногу бучава, премногу луѓе и мене ми е разбирливо што попрво ќе гледаат во мобилниот одошто да гледаат во сообраќајниот калабалак или замаглените од смог сиви урбани пејсажи. Да ги исмеваш не е во ред бидеејќи помалку или повеќе сме слични и ние самите. Но поради зјапање и одење зачестија и тоа се повеќе, мали незгоди, каде загледаните во своите апарати знаат и да се судрат меѓу себе, пропаднат во дупка, удрат во дрво или бандера, сопнат од нешто... Многу земји се обидуваат со казни, укази, кампањи да ги одвикнат пешаците од мобилните, но не и Кина. Тие разбираат масовноста и се прилагодуваат, таков им е цивлизацискиот ген.

Имено, во Кина почнаа да се прават патеки за корисници на мобилни телефони, на ист принцип како патеките за велосипедисти. Ова и не е толку ново, веќе со години тие успеаја на овој начин да ја зголемат ионака енормниот проток на луѓе во урбаните центри и истовремено да им овозможат да не доаѓа до инциденти. Секако, потребни се и услови, широки тротоари за вакво нешто што во нашиве тесни европски кутии за сардини во кои живееме не можеш да се разминеш ни со свртени рамења.

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани