Пристигна нова група американски волонтери
  Објавено на
share

 Денеска 56 Американци пристигнaа во Македонија за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата.

Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.

„Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировен корпус во Северна Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Северна Македонија“, изјави Ханафин.

„Нивното присуство е многу значајно. Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани“, додаде

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ земјата. Во текот на првите три месеца, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во нашата земја од 1996 година.

 

https://netpress.com.mk/pristigna-nova-grupa-amerikanski-volonteri/?fbclid=IwAR1crY752UsytB5UPWdK5a8kxWebu-x5u0qxkuUKbYv1b_k3g1YWWuh0y3k




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани