Делови од Градски Парк потполно уништени од сушата (и од ненаводнување)
  Објавено на
share

Многумина кои деновите ги минуваат во Градскиот Парк, во обид да побегнат од горештините, прошетаат децата или милениците, наидуваат на места на апокалиптични глетки

Иако делови од паркот се наводнуваат, изгледа дека системот на прскали или не функционира или лошо работи, што како последица има потполно уништување на зеленилото и голем дела од малдите садници кои лани беа засадени. Делот на паркот после големото езерце изгледа навистина опустошено, небаре оган го согтрело или есен настпаила.

Ова се нашите впечатоци од паркот, но ситуацијата е опасна и за дрвцата на плоштад, ќе видите подоле.

 

Дел од прскалките, и тоа голем дел од нив, или не прскаат или не функционираат или прскаат статично, како што се гледа на видеото, што секако придонесува цели делови бидат потполно "изгорени" од сушата. 

Делот од паркот до и околу летните дискотеки е многу подобар, зеленилото се наводнува и како што ни рекоа некои од шосетителите на паркот и тоа е задоцнето, прскањата, наводно, ги заблежела дури пред една недела, што не можеме да го потврдиме.

Но таму нивото на смет по зелените површини е огромен бидеејќи цели семејства просто живркаат таму и оставаат гнасотии зад себе.

Во Центрарот на Градот, на плоштадот, каде има огромна фонтана со вода, нели и фонтана со прскалки, која е ултра забава за најмладите, прекрасниот дрворед, кој со години е негуван веќе започнал да се уништува. Неколку дрвца се потполно суви, а другите за неколку дена ќе се исушат. Покрај толку вода, како и во паркот повторно ќе видиме задоцнета рекација и ќе слушаме изјави дека ќе се засадат нови?

Ако е така, ич не одвртувајте вентилите, очигледно тешпка одоговорна работа е која бара голема стручна спрема и не може секоја да го прави тоа, а кадар, нема ни за ситно. Излгеда дека е стварно тешко да се одврти вентилот или прати цистерна или луѓе со црева "млазњак" да ги новоднуваат дрвцата и зеленилото.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани