Наместо „Фестивал на пити и вино“ - пошумување и опрема за пожарникарите
  Објавено на
share

 Наместо „Фестивал на пити и вино“ - пошумување и опрема за пожарникарите

Градоначалникот Аце Коцевски денеска и соопшти на јавноста дека одлучил да предложи пренамена на средствата планирани за годинешниот Фестивал на пити и вино. „По катастрофалниот пожар што го зафати Велес и кој во моментов се шири во други делови на градот и во кој беше уништен растителниот и животинскиот свет сметам дека е време за носење разумни одлуки со голема одговорност и време е за промена на приоритетите. Одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи фестивалот на велешки пити и вино и средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме пред се кон санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини и обезбедување на професионална лична заштитна према за пожарникарите со цел да бидат поефикасни во гаснењето на пожарите“, рече Коцевски.

Тој очекува одлуката да ја поддржат членовите на Советот на општината како и мнозинството граѓани на Велес. Дел од планираните содржини за фестивалот како што се гостувањето на делегација од Алза,с Франција и акцијаши од повеќе земји од поранешна Југославија ќе се реализираат. Ќе се организира поефтина алтернативна манифестација. Ќе се побара од рестораните тие денови да ги посветат на велешката пита и вино и да поканат чалгиски оркестри за да се промовира и на тој начин македонската култура и традиција. Коцевски предложи на денот на пошумувањето кој е планирано да се поврзе со Денот на Општина Велес 9 или 10 ноември, да се организира хепенинг на езерото Младост каде ќе пошумуваат и пријатели од повеќе градови и земји. Во рамките на хепенингот ќе бидат поделени традиционални пити пастрамајлии, а музичари ќе бидат поканети бесплатно да настапат на пошумувањето.

Како што информираше Коцевски, Општина Велес ќе отвори посебна сметка за донации за санирање на последиците од пожарот. Тој информираше дека македонско-американската Алумни организација веќе издвоила 90.000 за санирање на последиците од пожарот и пошумување. Расчистувањето на теренот пред пошумувањето ќе го врши ЈП „Македнски шуми“, а активно ќе се вклучи и општината доколку е потребно. За пошумувањето велешката и македонската јавност ќе бидат известени со јавен повик.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани