Синодот на Вселенската патријаршија го разгледуваше нашето црковно прашање
  Објавено на
share

Синодот на Вселенската патријаршија го разгледуваше нашето црковно прашање

  • 28 април/11 мај 2019 лето Господово

Извор: Вселенска патријаршија 

 

 Image result for Rum Ortodoks Patrikhanesiе

Соопштение

Под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Светиот и свештен синод заседаваше на редовно заседание од четврток, 9 мај, до сабота, 11 мај 2019 година.

За време на овие заседанија, се разгледаа сите теми заведени во дневниот ред и се донесоа соодветни одлуки.

Поконкретно, како што веќе беше соопштено, Светиот и свештен синод пристапи кон пополнување на упразнетите Свештени архиепископии Австралиска и Американска и разговараше, помеѓу другото и за поднесеното пред извесно време апелациско прибегнување (еклитон) од страна на црквата во Северна Македонија, која моментално, како што засега стојат работите, пребива во раскол.

Во Патријаршијата на 11 мај 2019

Од Секретаријатот
на Светиот и свештен синод




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани