Кристијано Роналдо има тело на 20 годишник!
  Објавено на
share

 

„Бјанконерите" не треба да стравуваат дека формата на Кристијано Роналдо ќе оди во надолна линија, тестовите покажале дека ЦР7 има тело како на 20 годишен фудбалер

 

Кристијано Роналдо во Јувентус е најголемиот трансфер ова лето, „Старата Дама“ го купи Португалецот за рекордни 112 милиони евра.

Многумина сметаат дека Реал Мадрид прелесно се откажал од ЦР7, а има и такви кои мислат дека „Бјанконерите“ се тие кои превземале голем ризик бидејќи Кристијано Роналдо има 33 години и неговата форма во иднина ќе оди во надолна линија.


 
 

Но се чини дека „Бјанконерите“ не треба премногу да стравуваат, медицинските тестови покажале дека Кристијано Роналдо има тело како на 20 годишен фудбалер.

Според новинарот Матео Бонети, ЦР7 имал само 7% телесни масти, а вообичаената бројка кај играчите се движи помеѓу 10 и 11%. Исто така Кристијано Роналдо има мускулна маса од 50% која вообичаено не надминува 46% кај останатите фудбалери. Покрај ова, Португалецот на мундијалот во Русија постигна и најголема брзина откако во еден спринт достигна 33.98 км на час.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани