Фрлен солзавец за време на концертот на Горан Брегович во Корча, Албанија
Објавено на

Фрлен солзавец за време на концертот на Горан Брегович во Корча, Албанија

 

После сите контроверзи околу концертот на Брегович во Корча, Албанија, тој конечно се одржа, но според видеото кое се прошири на твитер се гледа дека неславно помина. Некој фрлил солзавец во публиката. Еве што пренесуваат дел од медиумите...

 

Голем инцидент се случил вечерва за време на настапот на познатиот музичар Горан Бреговиќ во Корча, Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Бреговиќ настапи на фестивалот на пивото во Корча, но за време на неговиот настап бил фрлен солзавец што предизвикало паника во публиката и многумина одлучиле веднаш да го напуштат фестивалот. Во мешаницата што се направила, на едно лице му била укажана итна медицинска помош.

Откако се смирила ситуацијата, Бреговиќ го продолжил настапот.

Најавата дека Горан Бреговиќ ќе настапи во музичкиот дел на фестивалот на пивото во Корча, предизвика бурни реакции и негативни коментариво косвските медиуми. Одбојноста кон познатиот музичар е предизвикана од наводите дека „тој бил инспирација и идол на српската војска за време на војните во поранешна Југославија“. „Газета Експрес“ дури и наведе дека Бреговиќ признал дека се состанал со Радован Караџиќ, осуден за воени злосторства против човештвото во БиХ. Воедно, весникот наведува и дека Горан Бреговиќ во 2006 година станал почесен граѓанин на албанската престолнина и дека тогаш добил „клуч од Тирана“ од тогашниот градоначалник, Еди Рама.




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани