Нови забавни игри во Deja Vu Капитол
Објавено на

Дежа ву е едно од најпосетените и најпопуларните места во градот поради многу причини. Место за релакс, добра забава, храна, делиции, 

а неколку години наназад направија нешто што ретко кој угостителски објект од ваков калибар би го направил. Кога веќе станаа и се брендираа како ИН место за сите - во срцето на населбата Аеродром, тоа подразбира и место каде децата ќе си играат и се забавуваат. Ноќна мора беа порано игротектие за деца кога се во прашање возрасните - на децата супер, но возрнасните едвај чекаа да побегнат. Едноставно, игротеките не беа места каде возрасен волно, со  задоволство, би останал подолго време.

Нивната успешна приказна со врвен угостителски објект и игротека, деновиве се подигна на уште повисоко ниво. Следеејќи ги светските трендови за забава кај младите и најмладите, вложија огромни средства во нови машни, аркади и игри за деца.

Што е поразлично од претходните?

Тоа што децата покрај играта, добиваат и тикети како награда за осовено ниво, или цел. добитните тикети можат да ги заменат со нови жетони за игра или за награди. 

Награди?

Да, награди, играчки, и разни работи наменети исклучиво за децата. најупорните собираат стотици и иљадници тикети и си одбираат играчка, од фондот кој е изложен таму. 

Она што целава возбуда ја крева уште повеќе е што сега, ако вашите добитни тикети упорно ги собирате, можете да добиете и плејстејшн, иксбокс и други многу, многу, вредни награди.

Покрај ова за деца или возрасни, ја има и најпопуларната аркадна машина Кимастер (keymaster) на која ќе можат со умeшеност у упорност да се освојат уште повредни награди, мобилни телефони од премиум класа, самсунг S10, ајфон 10 и други врвни модели.

Кога ќе балдисате од забава и возбуда и вие и децата секогаш можете да се "речарџирате" со слатки делиции во објектот и секако, нај, нај, најдобриот и најздравиот сладолед кој воопшто можете да го најте кај нас.

  




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани