Дожд од пајаци. ПАЈАЦИ!!??
Објавено на

 Летото во југоисточен Бразил покрај зголемените температури донело и несекојдневен „дожд“ од пајаци.

Жителите на руралната област во јужната федерална држава Минас Гераис успеале да снимат видео од небото исполнето со пајаци, невообичаен феномен кој експертите велат дека е редовна појава кога во регионот се појавува топло и влажно време.

Видот parawixia bistriata е редок пајак чија пајажина е толку тенка што е скоро невозможно да се забележи со човечко око и оддава илузија дека пајаците лебдат во воздухот. Дос Сантос објаснува дека за време на денот пајаците вегетираат и се појавуваат на почетокот на ноќта за да распнат џиновска мрежа која се протега меѓу дрвата и гранките. Утрото го јадат пленот уловен преку ноќта, вообичаено мали инсекти, но некогаш и мали птици, пред да се вратат во состојба на вегетација.

Иако за луѓето овој „дожд од пајаци“ изгледа застрашувачки, Дос Сантос вели дека немаат потреба да стравуваат бидејќи отровот од овие видови пајаци не е штетен за човекот. Тој додава дека ловејќи го нивниот плен, како мувите и комарците, пајаците многу повеќе прават услуга, отколку што штетат на луѓето.

Ние имаме два научно докажани методи за справување со вакви ситуации
 




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани