Кина до САД: Ова е ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОМИНЕ
  Објавено на
share

 

Кина до САД: Ова е ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПОМИНЕ

 

Претседателот на Кина, Си Џинпинг му рекол на својот американски колега Џозеф Бајден дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите меѓу Пекинг и Вашингтон, пренесоа светските медиуми.

Си ова му рекол на Бајден за време на неодамнешниот состанок на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, објави веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кинескиот лидер јасно стави до знаење дека тајванското прашање е главниот интерес на Кина, политичката основа и главната црвена линија што никој не може да ја помине“, се вели во соопштението.

Ситуацијата околу Тајван ескалира на почетокот на август, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.

Кина ја осуди посетата, опишувајќи ја како поддршка на тајванскиот сепаратизам и по посетата одржа големи воени вежби во Тајванскиот теснец.

Пекинг не го признава суверенитетот на Тајван, го смета за своја провинција и инсистира дека „политиката на една Кина“ се почитува во целиот свет.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани