Здружение на јавни обвинители до Русковска: Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета за семоќен
  Објавено на
share

 

Здружение на јавни обвинители до Русковска: Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета за семоќен

 

„Како професионално здружение, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители. Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност.

Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите други јавни обвинители мора да се водат од начелата на законитост и правичност. Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство“, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе за семоќен и да одбива контрола над постапувањето.

„Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката. Јавното обвинителство имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации“, велат од Здружението на јавни обвинители.

Извор: Макфакс




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани