Турција ќе поднесе кандидатура за БРИКС - Ердоган има визија за својата земја
  Објавено на
share

 ТУРЦИЈА ЌЕ СЕ ЗАЧЛЕНУВА ВО БРИКС! 
Истото ќе го сторат уште неколку земји - Египет и Саудиска Арабија. 

БРИКС - Wikiwand

Ова за „Известија“ го соопшти претседателот на Меѓународниот форум на организацијата, Пурнима Ананд.

Таа прецизираше дека одлуката за прием на некои од земјите може да биде донесена на следниот самит на БРИКС во 2023 година.

Oрганизацијата, која ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, разговарала за можните нови земји-членки на нејзиниот најнов самит, одржан на 23 и 24 јуни во Пекинг.

Точка

„Сите овие земји покажаа интерес за приклучување и се подготвуваат да аплицираат за членство. Мислам дека ова е добар чекор, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно и ќе го зајакне влијанието на БРИКС во светот“.

Таа се надева дека ќе го стори тоа „многу брзо“ бидејќи сите претставници на јадрото на БРИКС се заинтересирани за проширување.

Каков удар е за Европската Унија е самата вест, која че се обиде периодов да го дампира овој потег на Турција. Инаку Турција има статус за кандидат членка уште од 1992, а други земји добија многу побргу статус иако заостануваат зад Турција многу многу повеќе. 

Како и да е, ќе биде интересна следнава година пред се од меѓународен аспект, дали ќе дојде до поголемо "шифтање" на силите.

Лидерите на БРИКС се заложија за отворена и мултилатерална трговија |  Бизнис Каталог




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани