Швеѓаните ќе добиваат намалени сметки за струја до 195 евра
  Објавено на
share

 Швеѓаните ќе добиваат намалени сметки за струја до 195 евра

 The electricity bill in December is up to SEK 4,000 more expensive -  www.diglogs.com/Sweden

Шведска ќе им помогне на домаќинствата најтешко погодени од поскапувањето на струјата, изјави во средата министерот за финансии Микаел Дамберг, додавајќи дека владата издвоила помош од шест милијарди круни (584 милиони евра).

Владата ќе ги покрива трошоците за струја за погодените домаќинства три месеци, почнувајќи од декември, со најмногу 2.000 круни(195 евра) месечно по домаќинство.

 Electricity and gas prices in the first half of 2021 - Products Eurostat  News - Eurostat

Тие додаваат дека со подготвената сума ќе бидат покриени трошоците на околу 1,8 милиони домаќинства.

„Ова се итни мерки“, рече Дамберг.

Цените на струјата во Шведска пораснаа во последните месеци, особено на југот, иако поблаги отколку во многу други делови на Европа.

Шведска произведува електрична енергија главно во домашната хидроенергија, нуклеарните реактори и ветерниците, а гасот се вади од домашните бунари, но цените се диктирани од меѓународните пазари, што значи дека зголемувањето на цените влијае и на шведските потрошувачи, наведува Ројтерс.

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани