Божикна литија во Берово, 300 дечиња пееја божикни песни
  Објавено на
share

 

Божикна литија во Берово, 300 дечиња пееја божикни песни

Во Берово годинава беше организирана првата Божикна литија во која учество зедоа повеќе од 300 дечиња од овој град.

Пеејќи во еден глас и славејќи го Христовото раѓање со стиховите од песната „Вечниот бог”, најмалите поворката ја започнаа од градската црква, упатувајќи се во правец до железара Орбис, потоа продолжувајки кон „Здравствен дом” Берово и Полициската станица, за на крај да се вратат до градската црква.

По завршувањето на Божикната литија најмалите од страна на организаторите добија пакетчиња.

Настанот го поздрави и градоначалникот Звонко Пекевски кој на граѓаните на Берово им го честиташе Божик, посакувајки им многу здравје и среќа во Новата 2022 година.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани