МАКРОН ОТВОРЕНО СЕ ЗАКАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ : "САКАМ ДА ГИ ТОРМОЗАМ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ, ЌЕ ИМ ГО НАПРАВАМ ЖИВОТОТ ТЕЖОК"
  Објавено на
share

 

МАКРОН ОТВОРЕНО СЕ ЗАКАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ : "САКАМ ДА ГИ ТОРМОЗАМ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ, ЌЕ ИМ ГО НАПРАВАМ ЖИВОТОТ ТЕЖОК"

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека планира да им го направи животот тежок на оние кои не сакаат да се вакцинираат против ковид-19.

Макрон ја поддржува одлуката на ЕУ за блокирање на извозот на „АстраЗенека“

„Навистина сакам да ги тормозам и ќе продолжам да го правам тоа до крај“, изјави Макрон за весникот „Паризиен“.

Неговите политички противници го нападнаа дека вакви жестоки зборови не се соодветни за еден претседател. Поради коментарите на Макрон, пратениците во Националното собрание ја прекинаа расправата за законот со кој на невакцинираните ќе им се забрани пристап до најголем дел од јавните места.

Законот треба да биде усвоен оваа недела, но неколкумина пратеници кажаа дека поради него примиле смртни закани од противниците на вакцинирањето.

„Ние не сакаме присилно да вакцинираме никого, туку сакаме да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат така што ќе им ги ограничиме активностите во јавниот живот колку што е можно повеќе. Јас нема да ги праќам невакцинираните во затвор, туку ќе им кажеме дека од 15 јануари веќе нема да можат да влезат во ресторани, да седнат на кафе, да одат во театар и кино“, кажа Макрон.

Тој притоа го употреби зборот emmerder, што е вулгарен израз за нервира, тормози.

Повеќе од 90% од возрасните жители на Франција се вакцинирани со две дози, што е една од највисоките стапки во ЕУ, но Макрон потенцира дека пет милиони луѓе и натаму не се вакцинирани.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани