Столе Димитиревски во Барселона?
  Објавено на
share

 

Столе Димитиревски во Барселона?

Барселона ќе се обиде да го ангажира македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски, тврди телевизијата „Ел Чирингито“.

Димитриевски, блеска оваа сезона, еден е од најзаслужните за фантастичните резултати на рајо Ваљекано. Барселона на дело го водиоа Македонецот, пред еден месец, кога беше најзаслужен за победата на Рајо од 1:0. Во второто полувреме Димитриевски го одбрани пеналот на Мемфис Депај.

Не е тајна дека Тер Штеген сезонава не е на потребното ниво. Германецот ја има најлошата сезона во Барселона од 2014 година кога пристигна во клубот. Исто така, резервата на Тер Штеген, Бразилецот Нето е незадоволен од статусот што го има и тој речиси сигурно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани