Фондацијата Никола Јанчев со донација за здравството на празникот Свети Никола
Објавено на
Фондацијата Никола Јанчев со донација за здравството на празникот Свети Никола
На големиот православен верски празник кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви, оваа година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци , финансиски средства од 1 800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.
Финансиските средства се обезбедени од ченовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија Кожувчанка.
Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.
Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.
За многу години денешниот празник св.Никола . Среќни и весели нека ни бидат и престојните новогодишни и божиќни празници.
КОМЕНТАРИ