Протест и прекин на работата на медицинските работници во Грција поради наметнатата задолжителна вакцинација
  Објавено на
share

 Протест и прекин на работата на медицинските работници во Грција поради наметнатата задолжителна вакцинација

Грчките власти соопштија дека медицинските работници кои работат во јавниот и приватниот здравствен сектор, како и оние кои работат во домовите за стари лица и кои нема да примат барем една доза од вакцината до 1 септември или немаат сертификат за неодамна прележан Ковид-19, ќе бидат суспендирани од работа.

Работниците во државните болници во Грција денеска ја прекинаа работата на пет часа во знак на протест против владината одлука, со која вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за сите здравствени работници во јавниот и приватниот сектор. 

Околу 300 медицински работници се собраа пред Министерството за здравство во Атина за да протестираат против мерката што ќе стапи на сила од 1 септември, пренесува агенцијата АП. Владата јасно стави до знаење дека нема да има продолжување на рокот за оваа мерка.

Синдикатот на работници во јавните болници рече дека, иако поддржува вакцинација, се противи да стане задолжителна.

„Нема да ги оставиме беспомошни здравствените и социјалните работници кои имаат право да одлучуваат за вакцинација“, велат од синдикатот.

Од таму додаваат дека пациентите не се во опасност да се заразат со коронавирусот од здравствените работници.

link - https://www.reuters.com/world/europe/greek-health-workers-protest-against-introduction-mandatory-covid-jabs-2021-08-26/




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани