СЛУШАЈ ВАМУ, СЛУШАЈ ВАМУ, ГЕЈМЕРСКА ЕЛИТО - КУЛТНАТА ИГРА ХАЛО ИНФИНИТИ ДОАЃА ВО ДЕКЕМВРИ + ТЕМАТСКА КОНЗОЛА ВО HALO ВАРИЈАНТА
Новата игра во популарната и НАЈдолготрајна Microsoft франшиза која на гејмерите ќе им биде достапна од 8 декември. Компанијата официјално го потврди овој датум и објави нов трејлер.
Microsoft планираше да ја објави „Halo Infinite“ на пазарот заедно со конзолите Xbox Series X и S во ноември 2020 година, но играта беше одложена за овој есен поради пандемијата на коронавирус. Сега е познат официјалниот датум кога ќе биде претставена.
ВО ПОМЕЃУВРЕМЕТО ИЛИ ВО НАШИОТ РЕАЛМ ...
Microsoft ja претстави Xbox Series X конзолата во Halo варијанта (ВИДЕО)
Microsoft претстави нова верзија на Xbox Series X конзолата која е дизајнирана со тема од популарната игра Halo.
Продажбата на конзолата ќе започне од 15. ноември, а цената ќе биде 549,99 долари. Конзолата има темни метални панели, украси во златна боја и ѕвезден патерн. При вклучување и исклучување, има посебни Halo звуци, а променета е и бојата на горниот дел од вентилаторот во сина.
Гејмерите треба да знаат дека бројот на примероци ќе биде ограничен. Преднарачките веќе се започнати.
Ова е прва Xbox Series X конзола дизајнирана на некоја посебна тема, но Microsoft во минатото нудеше специјални верзии на постарите конзоли. Пример е Xbox One S дизајниран на тема од играта Minecraft.
Што се однесува до контролерот, тоа ќе биде Xbox Elite 2 украсен по примерот на конзолата и ќе содржи зелена боја, која потсетува на Master Chief оклопот. Контролерот има специјален D-Pad, како и куќиште.
Halo Infinite Limited Edition Elite Series 2 контролерот исто така ќе биде достапен од 15. ноември, по цена од 199,99 долари.