Николоски: Први избори во кои власта не ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик
  Објавено на
share

 

Николоски: Први избори во кои власта не ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР во Изборниот законик

 

Пропадна обид за промени на Изборниот законик, во што вложивме многу труд и енергија во еден подолг временски период, па во изминатиот период се возджуваме од споделување на ставовите на ВМРО–ДПМНЕ затоа што го почитувавме џантлменскиот договор меѓу политичките партии во рамки на Собранието за тоа да не се изнесуваат детали во јавноста додека траат разговорите, изјави во вторникот на прес-конференција Александар Николоски, потпретседател на најголемата опозициска партија.

Николоски притоа додаде дека имајќи предвид што многу поединости веќе беа изнесени во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ била практично единствената политичка партија којашто го испочитува овој даден збор, па поради тоа сакаат пред јавноста да ги презентираат и нивните позиции.

„Сметаме дека  е исклучително проблематично тоа што локалните избори во октомври оваа година ќе бидат први избори кои што ќе се спроведат во Македонија без притоа да бидат направени измени на изборниот законик со консензус меѓу сите политички партии согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР“, рече Николоски.

Оцени дека тоа е штетно за македонската демократија и го доведува во прашање кредибилитетот на изборниот процес, како и неговата легалност и легитимитет.

Николоски посочи дека ВМРО–ДПМНЕ во разговорите имале две суштински барања: да се применат дословно препораките на ОБСЕ и на ОДХР со цел да се гарантираат фер и демократски избори и, второ, избор на градоначалник во еден круг. Појасни дека ставот изборот на градоначалници да биде ставен во иста линија со изборот на советници во еден круг е затоа што главните манипулации, притисоци и недемократски средства се случуваат меѓу двата круга.

„За жал, второто барање за избор на градоначалници во еден круг, беше одбиено од власта, а првото барање за примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР не се случи под разни изговори на владејачките партии. Доколку се изменеше изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР ќе се постигнеа многу цели пред се ќе се зголемеше отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси со новите препораки каде што комплетно ќе требаше ДКСК да е информирана за целокупното користење на државни ресурси.

Понатаму, по препорака на ОБСЕ ќе се дадеше право на граѓаните кои со судска одлука имаат одземена деловна способност доколку имаат услови да гласаат односно да ја изразат својата воља. Се прецизира и доуредува користењето на симболите на политичките партии на гласачкото ливче со цел да нема манипулации. По препораката на ОБСЕ ќе се утврдеше и унифицираше начинот на постапка и бројот на потребни потписи за собирање и предлагање на независни кандидатски листи, нешто за што настана голема дебата во јавност“, рече Николоски.

Истакна дека со тоа ќе се овозможело сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа, а не како досега да не можат да го направат тоа.

„По препорака на ОБСЕ се дефинира, појаснува и прецизира изборната кампања со што се овозможува подобро следење од страна на надлежните институции, на евентуално предвремено почнување на изборна кампања и прекршување на правилата на истата, се појаснува начинот на распределба на времето за рекламирање на политичките партии и кандидатите, се уредуваат роковите, содржината и постапката за доставување на финансиските извештаи на партиите до надлежните институции за контрола на истите како што се Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Агенцијата за медиумски услуги. Ќе имсе овозможеше на гласачите чија важност на документот за лични идентификации истекла до моментот на распишување на избори да можат да го остварат гласачкото право, нешто што сега како проблем се соочуваат 30.000 граѓани поаради неспособноста на власта да им издаде лични карти“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николоски, со ова првпат ќе беше овозможено впишување гласач во избирачки список по усвоен приговор за заштита на лично избирачко право, а исто така ќе се усогласеа и роковите со Државната изборна комисија и постапувањето на Управниот суд.

„Сево ова се препораки на ОБСЕ и ОДИХР коишто власта не смогна сили во македонското Собрание да бидат усвоени. Од друга страна, она што ВМРО-ДПМНЕ во знак на добра волја, но и за да се постигне консензус, беше спремна да го прифати, прво беше примена на таканаречени отворени листи за избор на советници. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ се согласи да има избор на советници со отворени листи, помалите коалициони партнери на СДСМ, пред сn4; тука мислам на политичките партии ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз и останатите на ова барање иако тоа беше нивно барање. Значи, тоа што самите го бараа, откако ВМРО-ДПМНЕ го прифати, после тоа се спротвиставија, односно јасно кажаа дека не се за отворени листи со што во јавност се расчистува дилемата кој е ЗА, а кој е ПРОТИВ отворени листи. ВМРО-ДПМНЕ е ЗА отворени листи на локалните избори“, продолжи Николоски.

Додаде и дека во меѓупартиските разговори неговата партија ги застапувала позициите за одредби со кои требаше да се доуреди начинот на собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи, при што требаше да се следат препораките на ОБСЕ/ОДИХР а ВМРО-ДПМНЕ е за следење на препораките ОБСЕ/ОДИХР, коишто велат до еден процент на вкупниот број на запишани избирачи.

„И трето, исто така, исклучително значајно е што првпат требаше да се направи регулација на финансирањето на спонзорираните објави на социјалните медиуми и социјалните платформи. Нешто што е стандард во западноевропските држави, започна како практика од претходните претседателски избори во САД, а се применува во сите развиени западно европски демократии“, рече Николоски.

Потсети дека мора да биде транспарентно објавени и да се знае од кои средства се плаќаат спонзорираните објави на социјалните медиуми, во која вредност се тие спонзорирани објави, колку вкупно пари се трошат и за нив да се поднесе изворот на финансирање до Државниот завод за ревизија и ДКСК и другите надлежни органи, како и да се декларираат во финансиските извештаи во политичките партии.

„Ова е причината зошто политичката партија Левица го блокираше носењето на измените на изборниот законик, а владеачките партии на чело со СДСМ и помалите коалициони партии, ја вклучувам тука и ДУИ, не направија ништо изборниот законик да помине“, додаде.

Николоски од прес-конференцијата ги постави прашањето кој и со која цел покажува страв од тоа да јасно се знае кој плаќа за спонзорираните објави по социјалните медиуми, колку пари се трошат, од каде доаѓаат тие пари дали доаѓаат од Македонија или од странство!?

Потсети и дека доколку таквите средства доаѓаат од странство тоа е дело кое се санкционира, затоа што според македонските закони не е дозволено финансирање кампања од странски извори, а за тоа и треба да се поднесат извештаи до надлежните институции.

„Значи, кој се плаши од тоа да се знае колку пари се трошат за спонзорирање по социјалните медиуми и од каде тие пари доаѓаат“, праша Николоски и заклучи дека сето она што претходно го искажа е причината „зошто не се донесе изборниот законик во македонското собрание, иако имаше добра волја од стана на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија. Се направија многу обиди и во месец јуни и во месец јули, а бевме спремни тоа да го направиме и во август, но за жал од владеачките партии такво расположение немаше“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани