DW - Малешевци за австриската опрема: Доживеавме културен шок!
  Објавено на
share

 

Малешевци за австриската опрема: Доживеавме културен шок!

Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што имаат Австријците во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, како да сме во временска машина што нn4; однела 200 години понапред, велат Малешевци.

    

 

Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz

 

Сакавме „Европа да ја донесеме дома“ и ја донесовме – за жал, само поради нашата неопременост за битка со пожарите. Но, кога пламенот ќе стивне, таа Европа ќе си се врати во Европа, а ние и натаму ќе говориме за неа...

Вака жители на Малешевијата ги споделуваат впечатоците за значењето на големата странска помош во најтешките денови поминати во очај, неизвесност и страв од пламените јазици.

„Доживеаме вистински културен шок кога ја видовме опремата на австриските пожарникари. Организирани се во бригади, со себе имаат амбулантно возило, возило-кујна, возило- тоалет, џипови, мотори на две и четири тркала, церадни базени за акумулација на вода на терен... Во Пехчево тие направија буквално монтажен хотел, лоциран на едно игралиште. Не ни забележавме дека преку ноќ го монтирале објектот, сосема бесшумно... Имаат техника да спроведат вшмукување вода од 5 километри за секој камион. Така направија завчера и во Будинарци. Пуштија црево во планината за дотур на вода. Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што тие имаат во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, имаме впечаток како да сме во некоја временска машина што нn4; однела 200 години понапред", вели жител на Пехчево. 

 
 

Месните жители уште повеќе се фасцинирани од начинот на кој работат австриските пожарникари.

„Не им се слуша глас ни на терен, ни во базата/хотелот. Нема врева, нема тензија, работат како мравки, како пчели...Рано наутро прво одат во извидница, па потоа прават план за целиот ден. Извидница прават со скутери/АТV-а, за да проверат и направат проценка дали може безбедно да помине екипата со противпожарни возила. Потоа се постројуваат и секој насмеан тргнува на задачата“, раскажуваат тие.

Имиња на улици во нивна чест

Посебно се фасцинирани од односот на австриските пожарникари кон локалното население. Командантот на бригадата забележал дека навечер доаѓаат деца да се фотографираат покрај австриските камиони, па дал наредба двајца пожарникари да бидат дежурни два часа само заради децата: да им овозможат да седнат во каминот, да ги вклучат сирените, да се фотографираат...

„Командантот на бригадата е молчалив и ефикасен, за разлика од сите наши ‘каубојци' кои повеќе вреват отколку што завршуваат работа“, критикуваат мештаните.

Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz

Како што Малешевци доживеале културен шок од австриската опрема, така и странците - од нашата.

„Стариот ФАП им стана омилено возило на австриските и словенечки пожарникари. Кога видоа каде дошле, застанаа рамо до рамо со нас, локалните жители. Ние се самоорганизиравме во бригади од другари, бригади од соседи, од семејства, од соседни градови; бригада Виница, бригада Делчево итн... Бригадирите се грижеа за логистика - едни носеа вода и сендвичи по ридовите, други со трактори и цивилни возила носеа техничка вода во грбни прскалки, а беа поврзани со добронамерните фирми кои исто така снабдуваа се што е потребно на терен. Тие граѓански бригади помагаа и да се заштити некој земјоделски посед, да не се прошири пожарот“, објаснуваат Пехчевци. 

Повеќе:

-Австријците не застануваат, преморените 96 пожарникари заменети со 114 нови

-Продолжува битката против пожарите во Малешевијата- на помош и романски авион

-За кого бијат камбаните: нова помош во битката со огнот!

Пофални зборови имаат и за словенечките пожарникари.

„Покрај толку луѓе од разни локални и државни претпрјатија, дирекции, агенции, словенечки пожарникари мораа да ги сечат дури и дрвата што беа надвиснале над малите тесни патишта, за да може оттаму да поминат нивните камиони. А тие патишата се посебна приказна – еродирани, со дупки, обраснати од сите страни... Сликата говори за нас и нашите институции“, велат жителите.

Посочуваат дека по сето ова, редно е улиците во градовите во Малешевијата да добијат имиња како „Австриска“, „Словенечка“, како минимален знак на почит и благодарност кон сите што помогнале, вклучително и за помошта од Бугарија. 

Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz

 Лисици на вечера

За разлика од пофалните зборови за странските тимови, Малешевци немаат пофални зборови за домашните.

„Градоначалникот на Берово првпат го видовме кога дојде премиерот Заев над село Будинарци, за да се слика со него. Ситуацијата не личеше на организирана туку на дезорганизирана. Односно, жителите си беа одлично самоорганизирани, а државните службеници повеќе ги демотивираа, ги караа оние кутри дедовци кои со мали трактори носеа вода, ги ‘учеа' каде да застанат со приколките. Имаше моменти кога малку недостигаше луѓето да фрлат и гребла и лопати, поради дрските тонови на некои ‘манекени' кои парадираа, а ништо не работеа. Најдобро беа организирани службите од ресорот земјоделство и од ЕВН. Оние од ‘Македонски шуми' и и шумски полиции си беа команданти на самите себе“, критикуваат локални жители.

Битката со пожарите во Малешевијата

Од она што ќе им  остане во сеќавање, е дека бегајќи од огнот дури и диви животни побарале заштита во близина на луѓето.

„Едно попладне, нашиве луѓе само што седнаа пет минути да земат здив и да каснат сендвич, повторно мораа да истрчаат на терен, да гасат на место каде што се запалило стрниште. Кога се вратија - што да видат: две лисици ги дојадуваат сендвичите. Можете да замислите каков пекол бил во шумите штом се спуштија кротко меѓу луѓето“, раскажуваат мештаните.

Граѓанските бригади и утрово се на терен. Нивната битка продолжува. Продолжува и сонот дека еден ден и земјава ќе има своја опрема како онаа што ја видоа. Nord-Mazedonien | Waldbrände in Trakanje

  •  

    ОГНЕНИОТ ПЕКОЛ И ПУСТОШОТ ПОТОА

    Непроспиена ноќ

    Жителите на Кочани и на околината преживеаја ноќ на хорор, откако пожарот кој избувна во попладневните часови на 2. август во близина на градот, поттикнат од ветерот се приближуваше кон градот и другите населени места.


 
 prezemeno od DW 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани