СЛОБОДА
  Објавено на
share

 

СЛОБОДА

Секој ден врви се побрзо и побрзо, се помалку се среќавате со оние кои ви значат, а и кога ќе се сретнете, средбата ја поминувате во страв, паника и небулозни теми за кои реално врска немате, бидејќи и тоа е поентата, да не се зборува за чувства, љубов и слично, ами само за страв и бројки, затварање и застрашување.

 

Вакцинираните им се лутат на невакцинираните, оти вториве не се боцнале, а првиве исплашени дека ќе бидат заразени иако нели се заштитени.

Невакцинираните гневни кон вакцинираните исто како и вториве кон првите. Веќе се заборави поделбата на гладни и сити, сиромашни и богати, сега има нешто ново, "новото нормално" , сега постојат: чипирани и нечипирани, паметни и глупави, позитивни и негативни, а всушност сите се слепци и неписмени и тоа од прв до последен.

Конечно успеваат да ви го избришат од кодот зборот "слобода". Закопани во малите светкави екранчиња, читајќи милион термини и цифри кои врска немаат, туку само имаат цел да ве закопаат во својата пепел, да ве замрсат како рибарски конец и со тоа да ви го зашијат за свеста, стравот, како да е нешто без кое не може да се живее. Секој ден врви се побрзо и побрзо, се помалку се среќавате со оние кои ви значат, а и кога ќе се сретнете, средбата ја поминувате во страв, паника и небулозни теми за кои реално врска немате, бидејќи и тоа е поентата, да не се зборува за чувства, љубов и слично, ами само за страв и бројки, затварање и застрашување. А штом ќе се приберете во своите скапо платени квадрати, повторно сте најсилни пред светкавите екрани и таму ги исмевате оние чипираните, а чипираните ве исмеваат вас како не сте чипирани и така кругот на омразата, простотијата и глупавоста се шири до бескрај.

Затоа Вие за кои знам дека ќе се препознаете и ќе прочитате, а ќе премолчите, еве Ви една моја песна, мразете ме и плукајте ме, колнете и што сакате правете, но знајте:

Да имаш здравје,

а да немаш слобода полошо е,

отколку здравје да немаш.

Оти вака ти здравјето го имаш,

ама не го уживаш,

само го абиш и се мачиш.

Го трошиш во некое ропство,

во некоја пригушеност

и затвореност гнила.

Да имаш слобода,

а да немаш здравје,

тоа е надеж.

Надеж дека ќе дојде здравјето,

дека ќе живееш за да го доживееш,

дека ќе се бориш во слобода

за да го вратиш во себе.

Слобода.

Марко Виденовиќ

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани