Газдите можат комотно да делат откази на невакцинираните работници!
Објавено на
Голем број земји во светот и регионот поради бавното темпо на имунизација против ковид-19 се одлучуваат за воведување задолжителна вакцинација за одделни професии, како и рестриктивни мерки за невакцинираното население.
Во соседна Грција најавени се откази од работа. Ако некој вработен, со неговиот избор да не се вакцинира, ја става компанијата во опасност, тогаш тоа е важна причина да биде отпуштен, рече министерот за развој и инвестиции на грција Адонис Георгијадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај”, јавува МИА.
Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите можности што стојат на располагање, како што е на пример работа од дома.
КОМЕНТАРИ