Европска здравствена шизофренија - две вести, една по друга за иста тема,
  Објавено на
share

Европска здравствена шизофренија - две вести, една по друга за иста тема, но ставени на иста објава хмммм поинаку изгледа? Ние би рекле - Или што год да е - џабе е.

вест број еден


„Заклучувањето“ на Шпанија за време на пандемијата беше противуставно, вели Уставниот суд

 

Шпанскиот Уставен суд денеска пресуди дека минатогодишната владина наредба за „заклучување“ за време на вонредната состојба, била спротивна на Уставот на земјата.

Денешната пресуда е одговор на тужбата на екстремно десничарската партија Вокс.

Судот во кратко соопштение нагласи дека одлуката не е донесена едногласно, а државната телевизија ТВЕ објави дека шест судии гласале „за“, а петмина биле „против“.

Во пресудата се вели дека ограничувањето на движењето ги крши основните права на граѓаните и фактот дека одлуката била на сила за време на вонредната состојба не е доволна за да се прогласи за уставна.

Поради пандемијата, шпанската влада прогласи вонредна состојба на 14 март 2020 година, забранувајќи им на граѓаните да ги напуштаат своите домови, освен за набавка на потребните намирници.

вест број два

Зголемен број на случаи на Ковид-19 во Шпанија, се враќа полицискиот час

 
По зголемениот број на нови случаи на коронавирус, неколку шпански региони постепено се затвораат – некаде се затвораат дискотеките, некаде се ограничува работното време на продавниците, а некаде повторно се воведува полициски час.

Каталонија, епицентарот на петтиот бран на пандемијата, се подготвува од регионалното судство да добие зелено светло за воведување полициски час во најпогодените градови, вклучително и Барселона, објавија каталонските медиуми.

Од минатиот викенд, дискотеките нема да бидат отворени најмалку 15 дена, додека негативен тест е неопходен за присуство на настани на отворено каде што има повеќе од 500 луѓе.

Други региони презедоа или подготвуваат слични мерки. Валенсија повторно воведе полициски час од 1 до 6 часот наутро и го ограничи на 10 бројот на учесници на собири во 32 места со повеќе од 5.000 жители.

Многу позаразната делта варијанта на вирусот предизвика експоненцијално зголемување на случаите во последните неколку недели, претежно кај младите луѓе.

 
 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани