храм Свети Димитрија 8 април 2012 - денот кога се случи самоисчистување на фреските
Објавено на
Сеќавање на денот кога во нашиот храм се случи несекојдневен настан... Имено, веднаш по празничната Литургија (на 8. април 2012 година се празнуваше празникот Цветници) дојде до чудесно осветлување на фреските во храмот. Сето она што со години и децении било прекриено со гареж од свеќи, повторно стана видливо во нов сјај. Се што некогаш било насликано со златна боја, а во тек на времето потемнело и едвај видливо, на овој ден, стана живо и сјајно.
Овој настан траеше две седмици (од 08. до 22. април, од Цветници до Томина недела) и потоа прекина, а фреските сеуште се во истата состојба – осветлени и блескави.
КОМЕНТАРИ