МЕСТО 15 ЈУНИ, МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЌЕ МОЖАТ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ГРЦИЈА ОД 1 ЈУЛИ
  Објавено на
share

 МЕСТО 15 ЈУНИ, МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ЌЕ МОЖАТ ДА ВЛЕГУВААТ ВО ГРЦИЈА ОД 1 ЈУЛИ

Македонија е исклучена од првата фаза на отворањето на грчките граници за странците 

 

Македонските државјани ќе можат да влегуваат во Грција од 1 јули, а не од 15 јуни, како што претходно беше најавено, пишува весникот „Екатимерини“.

 

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис изјави дека Северна Македонија ќе биде исклучена од првата фаза на отворањето на границите за странците.

„Од 15 јуни повторно ќе бидат дозволени меѓународните летови кон аеродромот во Солун, од што ќе бидат исклучени Италија, Шпанија, Холандија, Велика Британија, Турција, Албанија и Северна Македонија. Летовите од Албанија и Северна Македонија кон Атина ќе бидат дозволени само за суштински патувања“, изјави Теохарис.

 
 

Што се однесува до патувањата по копно, Грција на 15 јуни се отвора за Бугарија, но не и за Турција, Албанија и Северна Македонија, со исклучок на неопходни деловни патувања. „Екатимерини“ пишува дека овие рестрикции ќе бидат укинати за Албанија и Северна Македонија на 1 јули, додека ситуацијата со Турција ќе се разгледува на 30 јуни.

Од 1 јули, ќе бидат дозволени сите меѓународни летови кон аеродромите во Атина и Солун. Патниците ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани