По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот се извадија од фиока проектите
  Објавено на
share

По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот се извадија од фиока проектите

 

По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар архитектите и инвеститорите ги извадија од фиока проектите за локацијата кај „Холидеј Ин“.

Според последните информации Општина Центар го одобрила идејниот проект за трите висококатниците, а фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква, преку фирмата „Обновители“, веќе уплатиле комуналии во износ од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра со што практично останува уште добивањето Одобрение за градење.

h2

Проектот сеуште никој не го видел, освен надлежните во Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ деновиве истакна дека е задоволен што барем во проектот на инвеститорот е намалена површината за градење од 200 илјади метри квадратни, колку што предвидува важечкиот ДУП, на нешто повеќе од 80 илјади метри квадратни.

 

Се шпекулира дека општината одобрила Идеен проект, па прашањето е како ќе се добие Одобрение за градење врз основа на ваков проект? Законот предвидува добивање Одобрение за градење на Основен проект кој претоходно ги добил сите неопходни мислења од институциите за да се дојде до предпоследната фаза, плаќање комуналии.

Во меѓувреме преку 5.000 граѓани за еден ден потпишаа онлајн петиција со која се вели – НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел „Холидеј ин“, се најавува идеја за референдум со електронско гласање за паркиралиштето пред хотелот да стане јавен простор, а претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска изјави: „Каде е граѓанскиот притисок баш сега? Неопходен е оти има можност под притисок да се суспендира Деталниот, кој не е во согласно со Генералниот урбанистички план. Зошто до сега не е направено суспендирањето?! Овој план, Ц 08, кај „Холидеј ин“, 8,8 пати го надминува Генералниот урбанистички план. Мислам дека тоа е решение во случајот, бидејќи системот не функционира“.

h1

Урбанистичко-планската документација за овој дел од центарот на градот преработувана е за само еден денар по метар квадратен, повторно од планерската куќа „Билд“, истата онаа која го изработи ДУП Ц 08, 2012 . Ова остава простор за сомнеж дали и понатаму се водат задкулисни игри во кои седнати на маса во „Билд“ се договараат планерите, инвеститорот и архитектите проектанти (можеби и понекој сопственик на локација) и со прст покажуваат каде, што и колку да предвиди „преработениот“ ДУП, оној за еден денар и се тоа и зад затворени врати на општините и Град Скопје. Додека во меѓувреме архитектите се борат за загарантирана минимална цена за својот труд.

Од компанијата „МГ Фешн“најавија дека наскоро ќе го презентираат проектот во јавноста. Според нив, визуелните прикази во јавноста не соодветствувале со она што се подготвува. Инвеститорот уверува дека проектот ќе биде модерен, еколошки и енергетски ефикасен и ќе го задоволи пропишаниот коефициент на зеленило од 20 отсто.

„Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, предвиден е урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност каде се предвидува примена на најсовремени материјали и дизајн,  достоен за 21 век“, велат од „МГ Фешн“.

h3

Наскоре ќе видиме и како повеќе од илјада возила (не како ќе се паркираат), по кои улици ќе пристапат, како повеќе пати на ден ќе се сообраќаат по постоечките и онака закрчени сообраќајници. Секако ќе видиме и пониски и објекти со помал габарит од свесно и намерно вулгаризиринаите визуелизации за да се види што е она што ДУП-от го предвидува како максимална изграденост. Па можеби ќе ни „олесни“, во однос на визуелизацијата и ќе си речеме „ова и не е толку страшно“, се додека почне да (не)функционира.

prezemeno od porta3




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани