Истражување открива: Tретина од луѓето кои прележале Ковид-19 ја добиле и оваа дијагноза
  Објавено на
share

 Истражување открива: Tретина од луѓето кои прележале Ковид-19 ја добиле и оваа дијагноза

 

 Проблемите не престануваат ниту по двонеделната изолација и негативен тест на коронавирусот, покажале бројни истражувања.

Новото истражување кое што било спроведено на Универзитетот Оксфорд дава информации дека 34 отсто од пациентите кои што прележале коронавирус искусуваат една работа како симптом – невролошко пореметување.

Една од можеби најтешките работи кои што се врзуваат за оваа болест е фактот што проблемите не престануваат ниту по 14-дневен карантин.

Долготрајниот ковид носи симптоми како: умор, губење на вкус и мирис, отежнато дишење и болки во мускулите, велат старите истражувања.

Но, денешната студија дала нови резултати и тврди дека една третина од оние кои што ја прележале болеста и натаму патат од посебно загрижувачки симптоми и тоа со месеци по прележување на Ковид-19.

 A safety guide for the 'new normal' after COVID-19 | Europol

Една третина од пациентите добиле дијагноза на невролошко или психичко пореметување

Резултатите од студијата објавени претходно укажуваат на фактот дека 34 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 на крај завршуваат со дијагноза на невролошко или пак психичко пореметување.

Студијата проверувала што се случува 6 месеци по дијагнозата, па испитувањата ќе продолжат за да се открие што стои зад оваа состојба.

Ова е многу важна тема затоа што постои сомнеж дека ковид е и болест на мозокот, а не само на дишните патишта, изјавил Муса Сами – професор по психијатрија на Универзитетот Нотингем, но тој не учествувал во студијата.

Тој наведува дека постојат неколку фактори кои можат да придонесат во фактот што голем број од пациентите доживуваат долготрајни симптоми, а станува збор за стрес, престојување во болница и поединечни карактеристики на болеста кај пациентот.

Распон на симптомите – од анксиозност до мозочен удар

Најчестите невролошки и психолошки дијагнози биле анксиозност кај 17 отсто од луѓето и промена на расположението кај 14 отсто од луѓето.

Кај околу 50 отсто од пациентите имало забележано доживување на исхемиски мозочен удар, а станува збор за крвно згрутчување кое делува на мозокот.

„Ова се резултати објавени според проверка на голем број пациенти, а се потврдува дали станува збор за сериозни пореметувања кои што делуваат на нервниот систем“, објаснил водачот на студијата Пол Харисон.

 

Share
 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани