ПСИХОИСТОРИЈА
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

 Златна есен, плодовите се берат, теглите се полнат, џебовите се попразни но на некој чудесен начин народов помалку се занимава со економија туку со реакција на реакцијата на реакционерите. Цепки. Трансцендентално се пренесоа тајните архиви од МАНУ дигитализирано се емитуваа преку телепатски посредници преку уредници на медиуми, кои ги добиваа од некаков мистичен извор сосе детали и како да се реагира. Само малку ја утнаа работата, лепешката некако не успеа да се залепи на главите на оние од власта. Дамнит! Следниот пат ќе мора да се биде елементарно попрецизно, но и ова беше добра вежба за она што доаѓа.

Се сеќавам на Енциклопедија Британика преведена на македонски која ни ја поделија пред неколку години. Таму податоците за Македонија се разликуваа од оригиналната, изворната Ениклопедија Британика, тогаш никој не се побуни. Мислам податоците беа сервирани на штета на Македоците тогаш, ама некако, нам ни е дегутантно да излегуваме на улица...не друго, шо ќе кажат комшиите. Што па толку пенавење за една енциклопедија ? - ќе речете...хммм..

Хари Селдон е имагинарниот лик од Фоундатион, фантастичната трилогија на Исак Асимов кој ја создава Енциклопедиа Галактика и авторитет од космички пропорции кои многумина со стотици илјади години ја користат и ја обликуваат историјата на иднината благодарение на неговото животно дело. Хари Селдон создава енциклопедија и во одредени историски моменти праќа снимени свои настапи, стотици години по смртта, во кои укажува како и во кој правец да се движи општеството. Тој пишувајќи ја енциклопедијата развил паралелна гранка наречена Психоисторија со која многу прецизно можел да ги предвиди големите кризи и за да не западне човештвото во некакво мрачно доба им се јавува со совети како да реагираат. Величествено! Врз познавањето на историјата и историската вистина може да се предвидат сите идни кризи и според тоа, може да се реагира како да се надминат. Само ќелавиот дибек Стинг пееше Хѕстори њилл тецх ус нотхинг - слободно преведено - од историјата нема ништо да научиме. Затоа неговите цд-а кај мене сега служат како антирадар систем во ладата на комшијата од 1979-та.

Јапонците пак велат - Одиме напред, но со лицето свртено назад. Прогрес со длабоко познавање (и почитување) на минатото, тоа беше нивниот клуч на успехот. Со колку само болни вистини мораа да се соочат. Какви само беа реакциите на Кореанците кога во Јапонија објавија некои лаконски заклучоци за дејствувањето на царската војска за време на Втората светска војна во Кина и Кореја. Јапонија одбива дополнително да го толчи сопствениот народ со историски вистини, со огромни загуби и пар бомби беа доволна казна за гревовите кои ги направија.

Се додека некое говедо ви го врти ликот од вистинските проблеми, се додека некој лесно ве внесува во игрите на есенското сценарио, само му служите на Златното Теле, но најстрашно е што не можете ни профит да извадите од тоа...само да се грицка народот, не си правите добро ниту ќе си направите. Енциклопедијата не е проблем, проблем е дека овде има луѓе кои сакаат да создаваат проблем, повод, секогаш ќе има, ова беше еден од низата. ОДИМЕ НА СЛЕДНИОТ.

ОРИФГИНАЛНО ОБЈАВЕНА 2009 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани