ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НОВИНАРИ ЗА ЈАЗИКОТ
  Објавено на
share

 Проф. Јачева – Улчар: ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НОВИНАРИ

Овие денови, откога ова со бугарското негирање на Македонците и македонскиот јазик стана претерано „жешко“, од неколку новинари на неколку различни телевизии слушам: „Македонскиот јазик е признат во Атина 1977 година…“ Еднаш веќе сум пишувала овде на оваа тема, и сега пак ќе повторам: ниеден јазик, дури и оној неофицијален, дури и оној што нема држава во кој се зборува (влашкиот), дури и оној што е само говорен (ромскиот, освен во Македонија) и без свое писмо – НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЗНАТ. Кој е тој авторитет што ќе го признае?1 Едноставно секој јазик, и официјален и неофицијален може само да ПОСТОИ или да НЕ ПОСТОИ.

Она што е официјализирано во Атина во 1977 година е, всушност, следново: на Третата конференција на УНГЕГН (United Nation Group of Experts for Geogrphical Names) во Атина е донесена Резолуција за тоа како македонската (заедно со српскохрватската) кирилица ќе се предава со латиница, или поконкретно како македонските топоними ќе се предаваат на географските карти со латиница. Толку! Со вакви произволни и паушални формулации сами си правиме штета. Па кај имаме доцна кодификација на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици на Балканот, таму – и како да сме немале јазик додека во 1977 година не ни го признале!

И уште нешто сакам да ви кажам: „се налепивте“ на еден документ кој Ципрас го извади од нафталин, само зашто конференцијата на УНГЕГН се одигрла во Атина, за да се оправда тој кај своите зошто се согласил да потпише постоење на македонски јазик, кој, патем речено, има многу подолга вековна историја и писмена и усна, од онаа Резолуција од 1977! Она за што никогаш не запрашавте е следново: постои ли Македонска комисија на УНГЕГН и зошто не постои? Ако некогаш ви падне на памет да ме прашате со задоволство ќе ви одговорам! Еве, повелете линкот ви го давам во коментар! https://www.eki.ee/wgrs/v3_0/rom1_mk.pdf П.С.

И уште нешто, иако не знам колку ќе ве интерсира, па сепак: ќе речам дека Грција го „признала“ македонскиот јазик тогаш кога на Македонците во Егејска Македонија ќе им се дозволи, барем, описменување на мајчиниот јазик и кога ќе се отворат катедри во Солун и Атина за негово изучување на академско ниво, така како што и сите други официјални јазици се изучуваат во високоцивилизираните и демократски земји членки на ЕУ. Од Бугарија го очекувам истово, иако знам дека тие никогаш нема да го направат тоа, зашто, нели – глупо е да отвораш катедри за „език којто е с`шти с`с тјахниот“.

Проф. Јачева – Улчар: ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НОВИНАРИ | opserver.mk

 

Професор Јачева-Улчар: Не сакам да верувам дека професор по македонски  јазик си дозволил да скрати авторско дело зашто така бара од нас политиката




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани