Филмот кој се гледа два пати
  Објавено на
share

 Филмот кој се гледа два пати

Пред да направаам осврт на последното дело на Кристофер Нолан, дозволете ми неколку лични, па дури и интимни споделби од пред проекцијата.

Вчера беше нешто како куќна слава и цело семејство бевме прв пат, после 6 месеци, во кино, поточно во Синеплекс на проекција на Тенет. Одењето во кино не е само мој некаков хир на личниот фанатизам како љубител на филмот, туку и место кое на поинаков начин не зближува, кое ни дава нови поводи за заедништво за дебати, нови разговори, дружба на која минатата декада се навикнавме. 6 месеци ни беа како денови на жалост, сивило без радост, да бидам и патетичен. 

Право да кажам, цел ден се спреваме, да сме одморени, бањати, дотерани и недозволиво многу возбудени за одењето, но со онаа тегоба нешто да не ти го расипе денот. Многу ми недостосуваше киното минатов период. Не знаев колку, додека не го забранија, а згора, е една од најуспешните странски инвестиции кај нас која направи револуција, поради која гледачите се вратија во кино, поради која се повеќе кина се отвораа повторно во другите градови. Брзо заборавивме дека заради оние ВХС пиратски копии престанавме да го правиме она што со децении наназад ни беше едно од најголемите доживувања - магијата на киното. Ништо не може да се спореди со проекција на големо платно. 

Од средината на 80-те па до 2010-те ние се откажавме од најпрекрасната придобивка на цивилизацијата во културното живење. На запад не беше така, и затоа сум им крајно благодарен што влегоа во Македонија. Вистински бум, преполни сали, се бараше карта повеќе и се случи корона... дем!

Нејсе, се враќаме во условна нормала. Ми беше мило што повторно ја видов старата екипа. Како да сме блиска рода дотрчаа сите и се испоздравивме, ( маскирано, дистанцирано и дезинфицирано како што доликува) купивме карти , се "натанкиравме" со грицки ко по обичај и пред да се гледа Тенет на Нолан кој трае 150 минути, отидовме каде и царот оди пешки  ... и таму шок ... видете јавен тоалет ... каков таков , ок , но дечкиве направиле небаре спа во ризорт, стокмено како да си среде Виена. Знам глупо е да зборам за средeни тоалети, но еве ви фоткa па ќе ме разберете.

 

Преубаво, чисто, средено, дезинфицирани сали, обележани места за чекање на каса, тип-топ! Знам дека и покрај идеалните услови, ќе им биде претешко да се врата во нормала, као што едвај зажеивеаја рестораните, кафеаните, туризмот воопшто, а кога е во прашање културен живот, подросечноста сака тисканици на турбо фолк или слични демек ИН сабави оти тоа ги подсетува на турканиците во автобуси на кои се навикнати. Ова е предобро дури  и за најпробирливте. Распоредот на седење е потполно конторлиран преку издавање на карите како во светот со протоколи кои не дозолуваа никој да не седи до вас, пред вас, зад вас ... што искрено и раат малку од турканиците. Ќе им биде тешко, но навивам да успеат, не само заради нив, туку заради тетари, операта, балетот, другите кина и сцени низ Македонија.

Необјасниво лесно дозовливме прекрасни бизниси да се уништат. Ме боли затоа што публиката во светот е одамна вратена, се функционира и филмовите се вратија, после само три месеци. Пак, доцниме, за жал, но такви беа уредбите, тоа е.

Во име на последниот обид да се задржи културата кај, нас во сите сегменти и особено во филмот, сакам да се вратите на старите патеки, сакам да имате успех и да не затворите, поразително ќе биде за целото  општество.

Сега моите логореични пишанки продолжуваат ... за филмот

 

Седнавме со мерак и рекламите ги изгледавме, ко мали деца бевме. Среќни ... но после 150 минути бевме потполно расцепени на атоми ... интелектуално.Знам дека следите дебати и  критики за се, па и за филмов, само неколку мои, сума-сумарум.

Филмот е храбар, и потполно авангарден во смисла на приказната и начинот на гледање. Прескап блокбастер експеримент кој нема да во остави рамнодушни. Вреди секоја секунда гледање. Плиткиот ум ќе биде збеснат оти нема линеарна приказна и тешко се разбира, а да не зборам за ефектите на истовремено движење на времето напред-назад и тоа буквално.

И Лумијер со Влегувањето на Возот во Станица направил скандал во секој поглед каде некои паѓале во несвест, некои одушевени, други уплашени Бегале. Овој филм е нешто сличен, но само интелектуално, ќе се напињате да го следите и разберете, но нема да ви успее, не од прва. Има една во филмот, вели: "не се обидувај да разбереш - почувствувај"

 

Каква е тогаш понетата да се гледа? Па направен е... ај како да споредам, иако нема со што да го споредам ... со нелинеарноста на Твин Пикс на Дејвид Линч, иако овој е "хаос" со совршена кинематографија, која намерно те остава во недоумица. Овој филм не е гледај – заборави, ова е филм кој мора да се гледа (барем) два пати. Едноставно, толку може во овој набиен филм да се покаже, ова е како некои суштински книги, кои не можете да ги разберете со едно читање, ова е филмска литература. Затоа и критиките одат во две крајности – каков што е и самиот филм.

What is Tenet About? Nolan's Tenet Movie Plot Explained

 

Не се обидувајте се да разберете, само препуштете се и да не сватите, одите како што ве вози, како музика. На крaј, многу рaботи ќе ви се разјаснат, но ќе ви предизвика уште толку  прашања. После кино седнавме па испивме три кафиња и не go завршивме муабетот, кој еве, и ден потоа терамe дебати. Заклучивме дека мораме да одиме да го гледме уште еднаш.

Не знам дали направил ремек-дело но знам дека не ме остави рамнодушен, наслутувам дека одговорите повеќето ги има и ги имам пропуштено, што интелектот на суетниот ќе го разгневи – како тоа јас да не можам да разберам!?!  Но филмов е така силно набиен и ќе почувствувате од прва, дека зад него се крие сепктакуларна генијалност, дека има слоеви на толку многу нивоа, да дури ќе си помислите дека е само ефектен штос во кој нема порака, емоции ,а ги има и тоа како ... но е сосема ново- кажува на нов оригинален начин.

Не сте гледале ваков филм, нема ништо слично и знам дека пак ќе го гледаме, но имам и чувство дека ќе го прегледувам многу пати, како Матрикс, Мулхоланд Дрјав, за да ги барам и сите детали.

Какво само искуство беше ова, каков интелктуален "ролекостер", каков "бреинсторминг" и да ... или ќе го мразите или сакате, но нема да останете рамнодушни. Преидзивкајте го вашиот фронтален кортекс да се обиде да перцепира нешто  ново, оригинално, нова димензија, надвор од комфорната зона. Покрај се, уживање е да се гледа...

 https://www.cineplexx.mk/movie/Tenet/




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани