Што значи Уставот на САД сум пишувал многу пати, но не е сеедно кој него го брани. Таа задача ја има Врховниот Суд на САД кој го чинат 9 судии, кои неформално се поделени во две групи:
 
 
1. Конзервативци, кои строго се држат до амандманите на Американскиот Устав.
 
2. Прогресивисти, кои дозволуваат и закони кои се спротивни, или во најдобар случај дискутабилни во однос на Американскиот Устав. Пример: Прогресивистите дозволуваат регулацијата на оружјето која е спротивна на Вториот Амандман од Американскиот Устав, дозволуваат и закони со кои државата ги регулира медиумите, што е спротивно на првиот амандман од Американскиот Устав, итн, итн.
 
Според именувањето на овие групи, некако се добива впечаток дека конзервативците се поблиски до Републиканците, а Прогресивистите до Демократите. Но во реалноста НЕ е баш така.
 
Најдискутабилни одлуки на Прогресивистите се одлуките на САД за влегување во војна. Имено, според Американскиот Устав, САД може да влезе во војна само со одлука на Конгресот.
Последна војна во која САД влегла со одлука на Конгресот е влезот во Втората Светска Војна, донесена на 9 Декември 1941 година. Од тогаш, сите војни во кои влегла САД се НЕЛЕГИТИМНИ според Американскиот Устав, бидејки се донесени со одлука на Претседателот на САД, а не на Конгресот.
Значи, Кореа, Виетнам, Залив на Свињите, Либан, Гранада, Босна, Ирак, Косово, Афганистан, и сите други војни после 9 Декември 1941 се НЕЛЕГИТИМНИ според Американскиот Устав, односно „легитимни“ се благодарение на прогресивистите во Врховниот Суд. Од ваквите одлуки на прогресивистите најмногу се има офајдено претседателот Џорџ Буш Јр (републиканеец) кој ангажираше најмногу војска, во различни воени операции. ЗНачи од прогресивистите во Врховниот Суд, бенефит немаат само Демократите.
 
Од другите „заслуги“ кои ги имаат прогресивистите, најнова е „декриминализацијата“ на педофилијата која неодамна се случи во Калифорнија... па од пред извесно време, таму е сосема во ред доколку возрасни луѓе имаат интимна врска со деца на 12 годишна возраст.
До денес, прогресивистите во Врховниот Суд броеја пет судии, конзервативците имаа 4 судии (вкупно 9) што знаи дека прогресивистите најчесто ги надгласувале конзервативците. Но, денес почина Рут Гинсбург на 87 години, најгласната прогресивка и најголемиот душман на Американскиот Устав во Врховниот Суд на САД.
 
Денес односот е 4:4!
 
Дали Рут Гинсбург ќе биде заменета со „конзеративен судија“?
 
Ова прашање е од историско значење, и за САД, па индиректно и за целиот свет. Судијата кој ќе биде поставен има доживотен мандат, што значи кој и да биде одбран деновиве, ќе има влијание во наредните децении. Судијата ќе биде номиниран од претседателот Доналд Трамп, но треба да биде изгласан од Сенатот. Во Сенатот мнозинството го имаат републиканците на Трамп, но тие се под водство на Мич МекКонел кој нема многу симпатии кон Трамп, односно ги нема поддржано сите негови предлози.
 
Ситуацијата е многу комплицирана, бидејки демократите притискаат да биде избран прогресивист. Во нивна корист е коректниот однос на Обама кон Врховниот Суд. Имено, претходниот судија кој почина во Врховниот Суд беше Антони Скалија-конзервативец... но почина во изборна година 2016, па претседателот Обама дозволи неговата замена да дојде по изборите во Ноември 2016. Тоа и се случи, односно во Април 2017 Доналд Трамп го пополни тоа место со Нејл Горсач-конзервативец.
 
Сега демократите повторно ја бараат истата коректност, и прашање е дали МекКонел ќе им излезе во пресрет, бидејки знам дека Трамп тоа сигурно нема да го стори. Ситуацијата не е иста како во 2016 година, сега се работи за комплетен пресврт на силите во Врховниот Суд.
Ќе биде интересно...