Историскиот мировен договор меѓу Израел и Арапските Емирати на Трамп му донесе номинација за Нобелова награда
  Објавено на
share

 Историскиот мировен договор меѓу Израел и Арапските Емирати на Трамп му донесе номинација за Нобелова награда

 

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир, пренесуваат американските медиуми.

Номинацијата ја предложи норвешкиот десничарски политичар Кристијан Тајбринг Ѓеде заради „историскиот мировен договор“ меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

„Мислам дека тој се обиде повеќе да создаде мир меѓу народите отколку повеќето други кандидати за награда за мир“, рече Ѓеде за „Фокс њуз“.

Тој исто така ја истакна улогата што американскиот претседател ја има во посредувањето меѓу конфликтните страни, како што се Индија и Пакистан, Северна и Јужна Кореја. Тој го спомена и повлекувањето на американските трупи од Блискиот исток.

Да потсетиме, Нобеловата награда за мир за 2020 година му беше доделена на премиерот на Етиопија, Аби Ахмед Али, за неговите напори за постигнување мир со Еритреја. Тој е и 100-ти добитник на оваа награда.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани