Ма каква корона, какви бакрачи, Македонците се распослаа низ цел свет на летувања - чартери за Турција, Египет ... да не сум ве слушнал како се жалите, супер ви е!
  Објавено на
share

Ма каква корона, какви бакрачи, Македонците се распослаа низ цел свет на летувања - чартери за Турција, Египет...

...да не сум ве слушнал како се жалите, супер  сте ... 

Дел од македонските граѓани го победија стравот од коронавирусот. Ги пакуваат куферите и заминуваат на летување надвор од државата. Турција и Египет засега го имаат приматот меѓу дестинациите за кои постои најголем интерес.

 
SAVANA Tourist Enterprises
 
   Вчера веќе полета првиот авион за Анталија, а оној за Хургада тргнува на 10 август.

„Тргнуваат чартерите за Турција и Египет. Вчера, на 26 јули, полета првиот авион за Анталија, согласно сите безбедносни протоколи. Интересот е огромен поради што чартери ќе има два пати неделно. Следните летови се на 2 и на 9 август и сите дозволени места се пополнети“, вели за МИА сопственикот на „Аурора", Славе Сирачевски.

На 10 август, додава Сирачевски, е и првиот лет за Хургада.

„Има преголем интерес и за Египет. Летовите ќе бидат на секои девет или десет дена. Се чини дека нашите граѓани го победија стравот од КОВИД-от. Сепак, ова е добар знак и дека туристот сака да патува, дека не се живее во затворени граници“, нагласува Сирачевски.

Тој смета дека ако и Грција ги отвори границите, нашите агенции ќе успеат да фатат барем два месеца – август и септември. Полни се, напоменува, и домашните капацитети, особено оние во охридско-преспанскиот и дојранскиот регион, како и во планинските места. Кампањата „Дома си е дома", сепак се покажа како успешна.

„Се надеваме дека Грција ќе ги отвори границите, а ако тоа се случи барем два месеца ќе фатат агенциите, август и септември. Во земјава туристичките места се полни. Моја проценка е дека 80 отсто од капацитетите во Охридско, Преспанско и Дојранско и во планинските региони се со гости. Кај нас конкретно, во Берово, посетеноста е 100 отсто, се бара место повеќе, но нема, се е полно до 20 август. Тоа е добра оценка дека сепак „Дома си е дома" е успешна кампања“, потенцира сопственикот на „Аурора", Славе Сирачевски кој не штедеше збопрови да ја испофали власта колку многу му помогнала. Браос! 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани