Затоа новокомпонованиве шарени снегулки се толку многу ретардирани ... ОНИЕ КОИ ГО ГУБАТ ЈАЗИКОТ, ГО ГУБАТ И ЗДРАВЈЕТО
  Објавено на
share

преземено од оффнет

ОНИЕ КОИ ГО ГУБАТ ЈАЗИКОТ, ГО ГУБАТ И ЗДРАВЈЕТО

Цивилизираниот запад систематски ги потепа домородните јазици (луѓето, башка) во Австралија за сега да дојде време да истражуваат како враќањето на старите јазици би можело да помогне во решавање на менталните и социјалните проблеми на тие луѓе со столчени култури и идентитети кои требаше да ги заборават „за подобро утре“.

 

Во 1905 година умира Фани Смит од Тасманија, последната жена која го зборувала јазикот на својот Палава народ, луѓе кои таму имаат живеено најмалку 34.000 години. Додека не дојдат белците со својата надменост маскирана во желбата да ги „цивилизираат.“

Јазикот на Фани бил еден од 250 различни јазици кои се зборувале на континентот пред тој да биде откриен и населуван во 17 и 18 век по што белците систематски ги лишуваат домородците од нивните мајчини јазици, преку образовните програми на англиски јазик и дискриминацијата, што остава длабоки економски и социјални рани во овие заедници кои почнува да ги снемува откако нивните идентитети им биваат распарчени.

Кога Европјаните ја заземаат Тасманија во 1803 година, на островот имало меѓу 4.000 и 10.000 Палави луѓе. Веќе до средината на векот, главно требени во „Црната војна“, тие спаднале на неколку стотици. Преживеаните биле принудени да се повлекуваат на оддалечените острови но и таму морале да се асимилираат, да земаат англиски имиња и да се облекуваат по европски стандарди. Заради џенемот, ваквите острови често биле користени како затворенички колонии. Така и Фани Смит го запознава својот сопруг, англискиот робијаш Вилијам Смит кој бил транспортиран во Австралија затоа што украл магаре.

Во 1876 година, Фани Смит од владата бара да биде призната како последниот жив Тасманиски абориџин и таа во тоа име, како своевидна компензација за ликцвидирање на нејзиниот народ и култура, од државата добива 50 долари и нешто земја.

Веќе е клише да се каже дека нешто не се цени додека не се изгуби, но масовниот помор на домородните јазици од Австралија е идеален, речиси лабораториски пример за проучување какви сè последици има тоа врз луѓето и нивните заедници. Во Австралија, домородните луѓе имаат двојно повеќе шанси да имаат некој хендикеп, шест пати повеќе шанси да немаат свој дом и 420% поголеми шанси да биде невработен отколку националниот просек.

Слично е и во Канада каде потомците на индијанските племиња и Инуитите се се далеку назад во главните индикатори на здравјето.

„Јазикот е круцијален за идентитетот, здравјето и меѓучовечките односи  а особено е важен за духовноста која пак е суштинска компонента на домородното здравје,“ вели истражувачот Малколм Кинг.

Други истражувачи посочуваат дека оние заедници кои успеале да ги зачуваат своите јазици имаат битно подобри здравствени метрики, „од дијабетес до самоубиства“.

„Не дека јас верувам дека јазикот има некои магични моќи - иако некои племиња баш во тоа веруваат - но битно е што тој го одржува чувството за припадност и поврзаност, чувство кое сè повеќе им недостасува на сè поголем број луѓе во модерното време,“ вели Даглас Вејлен, експерт за јазици и говор.

Една домородка од Австралија тоа вака го опишува:

„Културата е како сенка која постојано те следи каде и да одиш. Дел од неа е јазикот кој те поврзува и со своите луѓе и со својата земја. Исклучен си од сето тоа ако го немаш својот јазик. Можеш дури и физички да ја почувствуваш таа загуба“.

Бидејќи етноцидот и поморот на јазиците одамна и ефикасно е спроведен, цивилизираната Австралија сега може да си дозволи и малку грижа на совест па од државата се поддржуваат и финансираат истражувања на теми како враќањето на домородните јазици може да помогне во намалување на бројот на ментални и социјални проблеми со кои се оптоварени десеткуваните домородни заедници.

Веројатно најсликовиот опис на оваа тема го има дадено една домородка во своето сведочење пред австралискиот парламент во 2012 година.

„Нашиот јазик е како бисер во една школка. Школката се луѓето кои го носат бисерот. Кога бисерот ќе се изгуби, ние лутаме наоколу како празни школки,“ кажала Јуранудјил Дуркај.

Само што бисерите не биле изгубени туку активно украдени. Само 13 од околу 100 јазици кои сè уште постојат на континентот, денес се пренесуваат на млади луѓе, што е неопходен услов тие јазици да преживеат и до следната генерација.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани