Цела мрежа криминалци користела апликација Еncro Chat за тајно договорање активности. Полицијата го пробила системот на енкрипиција
  Објавено на
share

 

ШТО Е ЕНКРОЧАТ И КАКО НА НЕГО ПАДНАА НАД 800 КРИМИНАЛЦИ НИЗ ЕВРОПА

Се работи за енкриптиран телефонски систем што работи на посебни уреди кој криминалците низ Европа го користеле за безбедна комуникација на најразлични зделки од убиства до продажба на дрога. Германската и холандската полиција пред некое време го пробија системот.

 

Inside top-secret £3k-a-year EncroChat phone system used by UK's ...

 

„Беше како да седиме на маса на која криминалците отворено разговараат меѓу себе,“ изјавува Џанин ван ден Берг од холандската полиција.

Благодарејќи на упадот во системот полицијата успева да спречи „насилни напади, корупција, обиди за убиство и масовен транспорт на дрога“.

Полициите на двете држави откако го пробиваат системот читаат милиони пораки на осомничените. Како резултат на сето ова во Британија се уапсени 746 лица, уште 100 во Холандија, а апсења имаше и во Норвешка, Шпанија и Шведска.

Според Ван ден Берг дел од пораките биле „толку загрижувачки што не се ни замислуваат“.

Така во Британија од 746 уапсени се запленети речиси 60 милиони евра, како и 77 парчиња оружје (вклучително и Калашников), и 1.800 парчиња муниција. Холанѓаните со овие информации откриле 19 лаборатории за метамфетамини, 10 тони кокаин и илјадници килограми кристал мет.

Енкрочат на 13 јуни им испрати системска порака на над 60.000 свои корисници во која ги предупредува да ги фрлат своите уреди (од околу 1.000 евра) бидејќи нивните сервери биле „нелегално запленети од владини претставници“. Целиот систем моментално е изгасен. Процената е дека меѓу 90 и 100 проценти од сите клиенти на Енкрочат се поврзани со организиран криминал.

Целата истрага започнува во 2017 од француските власти кои редовно откриваат Енкрочат телефони во најразлични операции и рации. Подоцна тие откриваат дека серверите на компанијата се сметени во Франција.

По оваа информација интерес покажува и холандската полиција.

Инаку станува збор за регуларни смартфони, на кои комплетно им се избришани стандардните опции и апликации, и на нивно место се инсталирани апликации за енкриптирано комуницирање, плус на секој уред е инсталирана апликација за негово далечинско бришење.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани