Магнетна аномалија на планетата Земја која веќе се дели на две
  Објавено на
share

 ... и никој не знае какви последици може да има ... 

Аномалија што го слабее магнетното поле на Земјата еволуира и се дели на две

 

Европската вселенска агенција (ЕСА) ја активира својата констелација од сателитите за да ги испита необичните слабости во магнетното поле на Земјата. Се чини дека чудната аномалија за која се верува дека е одговорна за слбеењето сега се развива и се дели на две, пренесува РТ.

Необјаснетата сила, наречена jужноатлантска аномалија, е област со намален магнетен интензитет, што се протега од Јужна Америка до југозападна Африка.

Засега ефектите од оваа аномалија се ограничени на технички дефекти на вселенските летала и орбиталните сателити. Меѓутоа, бидејќи магнетното поле на Земјата нè штити од сончевите ветрови и од космичкото зрачење, тоа е критичен дел од нашиот планетарен одбранбен систем заедно со нашата атмосфера што нè штити од секојдневното бомбардирање со астероиди.

ЕСА ја искористи својата сателитска констелација „Сворм“ за да го проучи феноменот на почетокот на овој месец, а последните читања од кластерот со податоци, иновации и науки на агенцијата покажуваат дека во Западна Африка се формира втора аномалија. Истражувачите сè уште не ги разбираат ризиците поврзани со овој неодамнешен развој. 

In an area stretching from Africa to South America, Earth’s magnetic field is gradually weakening. Scientists are using data from @esa_swarm to improve our understanding
of this area known as the ‘South Atlantic Anomaly’

Во текот на изминатите 200 години магнетното поле на Земјата изгуби околу девет отсто од својата сила. Помеѓу 1970 и 2020 година минималното ниво на јачина се спушти од приближно 24.000 нанотесли на 22.000.

Со оглед на тоа дека полето е генерирано од електрични струи произведени меѓу течното железо во надворешното јадро на планетата, флуктуациите се нормални. Како и да е, почетната јужноатлантска аномалија расте и се сели кон запад со темпо од приближно 20 км годишно и научниците допрва ќе ја утврдуваат причината, што го прави уште поинтригантен фактот дека сега навидум се дели на две.

„Новиот источен минимум на јужноатлантската аномалија се појави во текот на последната деценија, а во последните години се развива енергично. Предизвикот сега е да се разберат процесите во јадрото на Земјата, кои ги носат овие промени“, вели геофизичарот Јирген Мацка од германскиот Истражувачки центар за геонауки.

Wikipedia/anomaly

 
 
 
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани