ЕУ ја извиси Италија, во мигови кога најмногу и требаше за корона-вирусот
  Објавено на
share

ЕУ ја извиси Италија, во мигови кога најмногу и требаше за корона-вирусот

НАТО и ЕУ беа создадени со сознание дека ниедна земја не може да преживее без блиски и искрени сојузници. Седумдесет години подоцна, кога Италија побара од своите сојузници медицинска помош и асистенција, овие свртеа глава, а дупката ја пополнува Кина, пишува Елизабет Броу во Форин Полиси.

Италија е под катанец. Училиштата и универзитетите се затворени, фудбалските натпревари се откажани, а седењето по ресторани е забрането среде рапидното ширење на коронавирусот во земјата. Само на дуќани за храна и на аптеки им е дозволено да работат, а може да се патува само од најнеопходни причини. Некој би помислил дека братските ЕУ држави ќе се пребројат, и ќе фатат да им испратат на нивните италијански пријатели малку неопходни продукти, особено откако Италијанците го побараа тоа. Но, не испратија ништо.

Срамниот недостаток на солидарност со Италијанците на ЕУ укажува на поголем проблем: што би правеле европските земји доколку некоја од нив се соочи со уште поголема криза?

Граѓанскиот заштитен механизам н Унијата (Union Civil Protection Mechanism) е апстрактното име под кое работи кризниот штаб на ЕУ - Центарот за итна интервенција и координација. Тој постојано ги следи природните катастрофи и оние предизвикани од човекот, а кога некоја членка на ЕУ не може повеќе да излезе на крај со сопствената криза, таа може да побара помош од ова тело. Штабот го препраќа повикот до други држави - членки, кои можат да помогнат на волонтерска база (помошта подоцна се надоместува од земјата-корисник на истата).

Пред две години, на пример, по ужасните шумски пожари кои се ширеа низ земјата, Шведска се обрати до овој Центар, а барањето на Стокхолм предизвика трогателна реакција. Португалија испрати два противпожарни авиона; Германија придонесе со пет хеликоптери и 53 пожарникари; Литванија испрати еден хеликоптер а Норвешка осум. Франција регрутира 60 пожарникари и два авиона; Данска 60 пожарникари; Полска над 130 пожарникари и повеќе од 40 пожарникарски возила. Италија, и самата во опасна сезона за шумски пожари, испрати два авиона.

Hospital employees wearing a protection mask and gear work at a temporary emergency structure at the Brescia hospital, Lombardy, on March 13.

Кога европските помагачи пристигнаа во Шведска, локалците ги пречекаа со аплауз. Тоа беше илустрација на реалност на која често се заборава: смислата на ЕУ не е само во финансиските трансакции, туку и во тоа да им се помогне на другите европски земји кога тие имаат таква потреба.

Минатиот месец, кога COVID-19 почна рапидно да се шири низ Италија, земјата апелираше за помош преку Центарот за итни интервенции. „Побаравме медицинска опрема, а Европската комисија го пренесе повикот до државите членки“, информираше Маурицио Масари, постојаниот претставник на Италија во ЕУ. „Но, ништо од тоа“.

До сега, ниту една членка на ЕУ не o7; ги има испратено на Италија потребните нешта. Тоа е трагично за земја со 21,157 коронавирус инфекции и 1,441 смртни случаи (до 14 март), и со медицински персонал кој работи во услови на ужасен недостаток на опрема.

Секако, сите влади треба да обезбедат доволно опрема за сопствените болници, пациенти и медицински лица. Но ниту една европска земја не страда ни одблиску толку многу колку Италија во моментов. Шпанија и Франција имаат висок број на случаи, но до 14 март Финска имаше само 225 случаи, а соседот на Италија, Австрија, само 655. Португалија има 169 случаи; Ирска 90; Романија, 109; Полска, 93; Бугарија, 37 а Унгарија има 25 случаи. Голем број од овие земји во минатото имале голема корист од европската солидарност; дел од нив се нет корисници на ЕУ, што значи дека добиваат повеќе пари од своето членство отколку што вложуваат. Велика Британија, којашто веќе не е членка на ЕУ, има 1,140 коронавирус случаи, и исто така o7; нема помогнато на Италија.

Во меѓувреме, се појави еден делумен спасител. Пред полноќ на 12 март, еден кинески авион слета во Рим, со девет медицински експерти и 31 тон медицинска опрема, вклучително и за интензивна нега, за медицинска заштита и антивирални лекарства. Во исто време, еден кинески камион пристигна во Италија со повеќе од 230 кутии медицинска опрема. Тоа беше помалку отколку што му вети кинескиот државен советник Ванг Ји на министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо преку телефон во вторникот, но два дена подоцна опремата сепак беше испратена.

Италија веќе го има почувствувано недостатокот од солидарност на Европа. Во текот на бегалската криза од 2015, околу 1,7 милиони луѓе пристигаа на територија на ЕУ, главно во Италија и Грција (при што вообичаени дестинации беа Германија и Шведска), но во 2017 некои земји членки на ЕУ сè уште одбиваа да ги примат во склоп на шемата за солидарност. „Кризата со коронавирусот е слична на бегалската криза: земјите кои не се непосредно повлијаени се оние кои се најмалку подготвени да помогнат“, изјавил Масари. „Различните земји очигледно имаат различна перцепција на заканата. Ние (Италија) сметаме дека коронавирусот е глобална и европска закана на која треба европски да се реагира, но други земји не гледаат на тоа така“.

Европската себичност е за морално жалење, но исто така е и глупава, затоа што несреќата си бара друштво. Италија со нејзините проблеми ќе ги повлече со себе и своите европски пријатели, почнувајќи со нивните економии. Но студениот одговор на барањата на Италија посочуваат кон подлабоко прашање: како европските сојузници ќе одговорат во случај на криза која би била уште поужасна отколку оваа со коронавирусот - на пример, огромен сајбернапад кој би предизвикал прекин на електричната енергија во тек на подолг период? Без струја, сите критични функции би биле бргу стопирани. Универзитетската болница во Брно - место на најголемата лабораторија за тестирање на COVID-19 во Чешка веќе беше мета на сериозен сајбер напад.

Фактот дека ниту една земја - со можен исклучок на Кина - не може да преживее без блиските сојузници, е причината зошто НАТО била формирана пред 71 година, а Европската заедница за јаглен и железо три години подоцна. Членките на НАТО треба да прават сè за да ги одбранат своите земји, но сите тие се свесни дека се потребни едни на други: колективната одбрана е суштинската причина за постоење на НАТО. Само САД имаат значајни резерви оружје; сите други членки знаат дека можат да им се обратат на САД доколку ним им снема, како што се случи во 2011 при интервенцијата на НАТО во Либија.

Па сепак, во екстремно тежок момент за една од клучните членки на ЕУ (и НАТО), сојузниците на Италија покажувааат дека не може да се смета на нив во ваква криза, а тоа значи дека Италија можеби сè повеќе ќе се врти кон Кина. Ќе остане формално членка на ЕУ и на НАТО, но зошто би ги поддржала европските сојузници следниот пат кога тие ќе имаат некаков проблем? И зошто би реагирала на повиците на европските сојузници за излегување од China's Belt and Road Initiative, на која се приклучи минатата година?

Станува збор за голема инфраструктурна програма која подразбира инвестиции и градежни работи во голем опсег земји, главно во земји во развој. Италија и Кина сепак ја имаат продлабочувано својата соработка и вон неа; минатата година преку програма за соработка кинески полицајци патролираа по улиците на Рим и Милано.

И зошто Италија би ангажирала 6,000 свои војници во странски мисии, трупи кои сочинуваат голем дел од мисиите за одржување на мир на ОН во Либан и од НАТО силите на Косово, војници кои помагаат да се одбрани Летонија како дел од засиленото присуство на НАТО, и морнарите кои учествуваат во мисијата на ЕУ за борба против сомалиското пиратство и кои го контролираат западниот Медитеран во корист не само на Италија туку и на остатокот од Европа?

„La maledizione!", извикува Риголето, главниот лик во славната опера на Џузепе Верди. Ла маледиционе - проклетството - понекогаш изгледа дека е судбина на Италија. Нејзиното членство во ЕУ главно беше добро за Италија. Економијата се разви поради единствениот пазар и еврото, а нејзините граѓани имаа огромна корист од слободното движење - 2.7 милиони Италијанци во моментов живеат во други членки на ЕУ. А Италијанците го почитуваат сојузништвото: според истражување од 2018, 58% од Италијанците имаат добро мислење за ЕУ, нешто пониско отколку европскиот просек од 62%, но многу повисоко отколку 37-те проценти на Грција. На 13 март, Европската комисија иницираше барем помош за италијанската економија, но до сега не се реализира ниту една медицинска помош од земјите членки.

Секако, со моменталниот недостаток на солидарност, ЕУ може да ја загуби посветеноста на Италија, а Кина радосно ќе продолжи да профитира од ситуацијата. Тоа не смее да се случи.

Наместо тоа, нет корисниците на ЕУ (и земјите со низок број на заболени од коронавирус) како Словачка, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија и Полска, треба да o7; испратат на Италија маски за лице или што и да е друго што o7; треба на оваа земја. Дали е премногу да се очекува овие земји да ги исполнат своите обврски во склоп на шемата на солидарност на ЕУ?

Во спротивно, не очекувајте италијанските војници да им помогнат на европските сојузници кога Русија ќе одлучи да изненади некоја европска земја по свој избор, или кога некоја непријателска земја или нејзините „сателити“ ќе ја нападнат енергетската мрежа на Полска.

Елизабет Броу

преземено од оффнет




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани