Иран изврши ракетен напад на американски бази во Ирак. Биланс - 80 мртви
  Објавено на
share

Иран лансира повеќе од десетина проектили кон ирачките бази, во кои престојуваат американски и коалициски трупи, прогласувајќи дека нападите се одмазда за минатонеделното убиство на моќниот генерал Касем Сулејмани.

Воздухопловната база Ал Асад во ирачката провинција Анбар, во која престојува американски контингент, била погодена најмалку шест пати, потврди американската армија. Пентагон соопшти дека најмалку уште една база во северниот град Ербил е погодена во нападот, кој почнал околу 1:30 часот по локално време во средата.

Нема информации за жртви од нападите, а и двете страни покажаа знаци дека сакаат да не ја ескалираат понатаму ситуацијата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани