Банката на Канада до граѓаните - "Не ги цртајте парите!"
  Објавено на
share

АМАН НЕ ГО ЦРТАЈТЕ СПОК НА ПАРИТЕ (!?!?)

Националната банка на Канада се обрати со молба до граѓаните да не го прешкртуваат ликот на нивната банкнота од 5 долари. Имено, банкнотата од 5 долари, на која е ликот на седмиот премиер на Канада Сер Вилфрид Лорие од 1896 до 1911, е премногу и пречесто вандализирана. Зошто? Е тука е најинтересното.

Вандализирањето не е потикнато од некаков политички протест или слично, туку, неговиот лик, кој на многумина млади денес ништо не им значи, со малку "црткање" се добива ликот на Леонард Нимој, скоро починатиот актер кој стана култен со неговата улога како Спок во серијата Стар ТрекImage result for canada 5 dollar bill spock"Image result for canada 5 dollar bill spock"

 

Но тука креативноста на современата разгалена поп-културна младина не застанува, се родија нови портрети на банкнотата од 5 долари.

Image result for canada 5 dollar bill spock"

исцртани и ликови од Хари Потер ...

Како и да е, банката на Канада издаде соопштение со кое ги предупредува дека ваквите банкноти ќе се сметаат за оштетени и дека може нема да бидат прифатени во трговијата и платниот промет. Но разгалените канаѓни очигледно 5 доари им се гола вода и продолжуваат да си цртаат омилените ликови на нивните модерни херои. Секако, најмногу предничи Спок.

Можеби би било подобро Сер Вилфрид да добие нова банкнота, малку поскапа, каде ќе се премислат два пати дали да ја вандализираат, а Леонард Нимој да го стават официјално на банкнотата од 5 долари. Никој не би имал против.

Image result for canada 5 dollar bill spock"

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани