Трамп ја објави сликата од офицерот кој го спречи багдади да побегне. Добааар! Апорт!
Објавено на
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од кучето кое го бркало лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади во тунелот пред терористот да се разнесе со експлозивен појас. Името на кучето, меѓутоа, останува државна тајна.
„Ја декласифициравме фотографијата од прекрасниот пес (името не е декласифицирано) кој заврши огромна работа во фаќањето и убивањето на лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал Багдади“, објави Трамп заедно со фотографија на куче од расата белгиски овчар.
Трамп во саботата објави дека четириножниот борец бил повреден откако влегол во тунелот во потера по Багдади.
Претходно во понеделникот шефот на здружениот штаб на американската војска, генералот Марк Мајли, изјави дека кучето-херој „изврши одлична задача“ во откривањето на озлогласениот џихадист, и дека по завршената акција заздравува на тајна локација.
КОМЕНТАРИ