Полицијата во САД ги моли граѓаните да не пукаат со огнено оружје во ураганот ДОРИЈАН! (?!?)
  Објавено на
share
"Кога ќе во ураганот појдете со пушки да не фрлате ... " старо-индијански жетварски напев
 
Да, веста е точна, колку и да изгледа мајтап. Американците кои се нафатирани со оружје ко сватови на рамковна свадба, имаат обичај да во целата калакурница празнат шаржери во ураганот. Полицијата издаде наредби и графички приказ зошто да не го прават тоа и зошто е опасно ... абебогдачуваидабрани - кажано со земање воздух, ама тоа е ...
 
 
Ако после сликава ви треба дополнително објаснување, тогаш ВИЕ имате проблем.
Мислам дека сосема е доволно, за да се свати дека секој проектил фатен во силен вортекс ќе биде исфрлен "некаде" со голема брзина.
 
А сериозните вести се драматични
 
Ураганот Дориан, кој прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, ги погоди северните делови на Бахамите.

Бахамите се погодени од големи бранови и ветрови што достигнуваат брзина од 285 километри на час, при што властите ги повикуваат граѓаните што живеат на низините во погодените области да се евакуираат.

Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместиле во училишта, цркви и други засолништа.
Во некои делови веќе нема електрична енергија и вода.

Американскиот национален центар за урагани наведува дека тоа е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите, како и дека на остовите Абако има „катастрофалните услови“.

 

Ова е претпоставената пшатека на ураганот кој наредниве неколку дева ќе удри со голе сила на територијата на САД. каде точно .... well  прашање кое може да се одговори само со веројатност, огромна да, но веројатност затоа што оваа слика од 31 август веќе е застарена и има нова патека ... loading

 

[Image of probabilities of 34-kt winds]

Ова е поширокиот регион кој ќе биде зафатен и кој ќе го почувствува ураганот, иако со помал интензитет сепак, можни се последици. Флорида е во вонредна состојба. Силата на ураганот Доријан ќе биде најсилна од 1992 досега.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани