"Хомосексуален ген, не постои" Научна студија докажа дека никој не се раѓа како хомосексуалец
  Објавено на
share

 

Genetics and sexualityA scientific study has established that there is no “gay gene”

But biology does in part determine sexual orientation

Сексуалната ориентација е сложена мешавина од генетика и околина, велат истражувачите.

Луѓето немаат „хомосексуален ген“ што ја одредува нивната сексуална ориентација, вели најголемата студија (досега) спроведена за ова прашање.

Истражувачите ги проучувале геномите на 470.000 луѓе, во потрага по шема што би ја објаснила човековата сексуалност, пренесува Лајв саенс. Откриле пет генетски маркери за кои се смета дека се „значително“ поврзани со истополовото однесување, но како што објаснува Њујорк тајмс, „дури и тие се далеку од тоа да ги предвидуваат сексуалните преференции на една личност“.

Петте генетски варијабили сочинуваат помалку од 1% од привлечноста на една личност кон истиот пол. Илјадници гени се чини дека играат помала улога, а со генетика се објаснуваат 8% до 25% од варијациите меѓу луѓето. Резултатот е дека сексуалноста се чини дека е одредена од неверојатно сложен микс од генетски фактори и фактори на опкружувањето – слично на другите човечки особини како висината.

„Ефективно е невозможно да се предвиди сексуалното однесување на една личност од нејзиниот геном“, вели коавторот на студијата Бен Нил од Брод институт на МИТ и Харвард за Лајв саенс.

Тоа дека нема еден единствен „хомосексуален ген“ не треба да се толкува како хомосексуалноста да е избран начин на живот, вели Брендан Зиетч од Универзитетот во Квинсленд во Австралија, друг истражувач од студијата.

„Откриваме дека има многу, многу гени што ја предодредуваат сексуалната привлечност кон ист пол. Секој од нив индивидуално има многу мал ефект, но заедно тие имаат значителен ефект“.

Но тој рече дека е погрешно и „да се мисли дека доколку преферирањата на истиот пол се под генетско влијание, според тоа мора да се тотално генетски определени. Тоа не е точно“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани